ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Сугарески: Опозицијата нека дојде на терен да се увери дека државата ни е вистинско градилиште, наместо да држат кабинетски пресови

May 13, 2020 15:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт Горан Сугарески истакна дека темпото на изградба на екпресениот пат Штип-Радовиш покажува и како функционира Владата и Јавното претпријатие за државни патишта.  – Овој пат е почнат практично во периодот мај 2018 година и очекуваме до крајот на оваа година дека едната делница ќе биде комплетно завршена, рече Сугарески.

Тој ја повика опозицијата да излезе на терен и да види дека во источниот дел има голем број на градилишта, како што се екпсресниот пат Штип-Кочани, реконструкцијата од Пробиштип до Крупиште, а минатата година се санирани и реконструирани голем број од регионалните патни правци. Смета дека во делот на реализацијата на капиталните инвестиции и оваа година ќе биде успешна.

-Сакам исто да потенцирам и во делот на проектот, којшто се работи во Министерството за транспорт и врски во делот на изградба на локални патишта и улици, очекуваме до крајот на месецов или почетокот на другиов да се објави првиот тендер за улици и патишта, наведе Сугарески.

Директорот на ЈПДП Зоран Китанов прецизираше дека на трасата Штип-Радовиш има 18 мостови, вијадукти, а најдолг е мостот кај селото Лакавица во должина од 350 метри. Тој истакна дека изградбата има одлично темпо и очекува оваа прва делница да биде готова околу Нова Година.

-Резултат на тоа е посветеноста на сите чинители во изградбата на овој пат, а исто така да напоменам и многу важна работа е оти овој пат почна со завршена експропријација на земјиштето од 99 проценти. Немавме никакви препреки, освен што имавме во проектирањето, како што е натпатникот Штип-југ кој беше замислен да се гради сосема поинаку, па на секои 14 месеци да биде поплавуван. Така беше проектиран, но ние не дозволивме такво нешто, потенцира Китанов.

Тој истакна дека во разговор со фирмата Штрабаг, која ќе ја реализира и втората траса од оваа делница добил ветување дека од рудникот Бучим до влезот на Радовиш ќе биде завршен во исто време со првата делница иако имаат рок од две години.

Премиерот Оливер Спасовски заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов направија увид на градежните работи на локацијата каде што се гради експресниот пат Штип-Радовиш.

Next Post

ЦИА тврди дека Кина сакала да ja спречи СЗО да предупреди за вирусот

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk