ДРЖАВНАТА изборна комисија се очекува денеска да испрати мислење до кабинетот на претседателот Стево Пендаровски за временските рокови потребни за спроведување на парламентарните избори, пишува 360.
ВОНРЕДНАТА состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 16 април истекува во сабота. Засега останува отворено прашањето дали ќе има ново продолжување.
КОМИСИЈАТА за заразни болести изработи Протокол за целокупниот изборен процес од предизборните активности до денот на гласањето. Задолжително ќе биде носењето на заштитна маска, одржување физичка дистанца, честата дезинфекција на рацете и проветрувањето на просториите.
АНГЕЛОВСКА: Новите мерки се дизајнирани да го поддржат македонското производство.
СДСМ: 738 компании искористија помош преку кредитната линија „Ковид 1“.
ЧЛЕНОВИТЕ на Државната изборна комисија (ДИК) изградиле единствено мислење во врска со продолжување на изборниот процес кое денеска треба да биде доставено до претседателот на државата Стево Пендаровски.
НА својот официјален Фејсбук профил, министерот за здравство, Венко Филипче ја презентира брошурата за грижа на трудници во услови на корона вирус, во соработка со УНФПА и ХЕРА.
СО помош на влечните возови на САД и со поддршка на Канцеларијата за одбранбена соработка, инжинерската единица на Армијата го расчистува теренот за Криволак за да се отвори простор за нова и подобра инфраструктура, напиша на Фејсбук министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
ДЕРКОВСКИ: По прецизирање на датумот, потребни се 45-50 дена за изведување на изборите.
ФРОНТ: Пишува Сашо Орданоски: Дали Шерлок Холмс не е во право?
ОНЛАЈН конференција за жени и девојки во технологија и претприемништво во организација на Women in Tech Македонија и Импакт Фондација – Скопје.
СПОРЕДБА на бројките, кои се јавно достапни со еден клик, покажуваат дека нивото на новозаразни и на активно заболени случаи со корона-вирусот и со Ковид-19 е во опаѓање речиси десетина денови. Наспроти ова, Дафина Стојаноска, со резултати од само еден ден спинува дека земјата безмалку е пред пропаст, поради неспособноста на власта да се справела со епидемијата, пишува Вистиномер.мк.
ВО издание на „Бата прес“ излезе од печат романот „Карусел“ од познатиот хрватскиот писател Лудвиг Бауер, преведен на македонски од Ненад Баткоски. Објавувањето е поддржано од Министерството за култура на Хрватска.
ПЕТМИНА, меѓу кои и петмесечно бебе се повредени во синоќешната несреќа што се случи пред влезот на Велес, кога патничко возило излета од патот и падна на железничката пруга Градско-Велес, а потоа во него удри воз кој сообраќал на линијата Гевгелија-Скопје.
ВКУПНО 42 лица на ниво на целата држава изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
ВО синоќешните немири на улиците на црногорскиот град Никшиќ повредени се 22 полицајци, откако граѓанитете на протестен марш побараа ослободување од притвор на српскиот епископ Јоаникиј.
КОАЛИЦИСКИТЕ партнери на власт во Хрватска денеска ќе разговараат за датумот на претстојните избори и распуштањето на Парламентот, што би можело да се случи уште во понеделник, пишуваат хрватските медиуми.
И.Е.