ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДИК: Преработка на Избирачкиот список и избори согласно Изборниот законик

Членови на ДИК потенцираат дека Владата мора да донесе правен акт по кој Комисијата ќе постапува во кој ќе бидат вклопени и активностите поврзани со Избирачкиот список.

May 14, 2020 10:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) изградиле единствено мислење во врска со продолжување на изборниот процес кое денеска треба да биде доставено до претседателот на државата Стево Пендаровски.

Според информациите од ДИК на МИА, членовите на Комисијата се состанале вчера по средбата со шефот на државата, и се согласиле дека сите одлуки што треба да се носат во врска со предвремените избори и продолжување на изборниот процес во контекст на мерките за корона вирусот треба да бидат согласно Изборниот законик и постоечките закони.

Комисијата, според информациите на МИА, смета дека Избирачкиот список мора да се преработи во согласност со технологијата за негова обработка, која е опишана во Законот и со точно пропишани рокови.

Членови на ДИК, за МИА потенцираат дека Владата мора да донесе правен акт по кој Комисијата ќе постапува во којшто ќе бидат вклопени и активностите поврзани со Избирачкиот список.

Засега никој од нив не сака официјално да зборува како би се одвивало гласањето. Се чека на мислењето од Комисијата за заразни болести, која треба да изработи протоколи, како и на Владата, но најнапред на одлуката на политичките лидери.

Постоеше дилема какво мислење ќе изгради ДИК, која беше обврзана на тоа од политичките лидери на средбата кај претседателот Пендаровски во вторникот, имајќи ги предвид различните мислења со кои во медиумите изглегоа претседателот на ДИК Оливер Деркоски и членот на Комисијата Борис Кондарко, како и поранешни членови на највисокото изборно тело во државата.

Лидерите на политичките партии на средбата се договорија преку шефот на државата да биде обезбедено мислење за продолжувањето на изборниот процес што би помогнало за одредување датум за одржување на парламентарните избори. На средбата Владата беше задолжена да добе мислење од Комисијата за заразни болести и од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР кога би можеле да допатуваат во земјата и да се организираат за набљудување на изборите./МИА/

 

Next Post

Хрватската владејачка коалиција денеска ќе расправа за распуштање на Парламентот

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk