ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Ја загуби ли Мицкоски војната на социјалните мрежи?

Меѓу улицата и социјалните мрежи, како меѓу чеканот и наковалната, Мицкоски би ја избрал улицата, иако не се прослави таму. Тој се спротивстави на предлогот на Заев за онлајн кампања, на социјалните мрежи. Зошто?

May 14, 2020 20:45
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Мицкоски многу пати повтори дека не сака премиерска функција ако цената за тоа е само еден човечки живот. Го повтори тоа толку многу пати и во(н) секаков контекст, човек да почне да се сомнева. Или многу сака да биде премиер или многу знае дека нема да биде премиер, ми вели еден комшија. А да му беше до човечките животи, можеше да се договорат со неговиот технички министер да преземе мерки да не се доведе во крајна опасност здравјето на тие неколку стотини ликови на верската дешавка во Струга. Ќе се воздржеше од нелегална посета на неговата омилена теретана, немаше да одржува или поддржува други масовки…

Не сака избори од познати причини, но затоа никако не може да се согласи со забраната за масовни партиски собири. Веројатно сака да го поправи впечатокот од неуспешната турнеја низ Македонија кога на „Разговорите за Македонија“ му доаѓаа по 10-12 луѓе. Дури ни роднините на неговите локални функционери не сакаа да се појават на тие собири. На неколку места, како што се дознава, дури ни тие не сакале да се појават… Или можеби не се сеќава, кој знае?

Меѓу улицата и социјалните мрежи, како меѓу чеканот и наковалната, Мицкоски би ја избрал улицата, иако не се прослави таму. Тој се спротивстави на предлогот на Заев за онлајн кампања, на социјалните мрежи. Зошто? Аргументот на Мицкоски е дека кампања на социјалните мрежи ќе значеле Фејсбук избори, а по нив ќе сме добиеле Фејсбук влада, без легитимитет, па затоа тој зад такво нешто не би застанал и не би учествувал во тоа.

Што открива противењето на Мицкоски и неговиот агитпроп на предлогот на Заев за онлајн кампања, на социјалните мрежи? Првата претпоставка може да биде дека неговиот отпор кон онлајн кампања значи дека е старомоден, но тоа и не е некоја новост, а не мора да биде ни лошо, барем не секогаш. Сепак, може да значи и нешто друго…

Може да значи дека Мицкоски веќе не верува во агитпроп машинеријата во која се вложени повеќе милиони евра, меѓу другото и црни пари, како што открија неколку истражувачки мрежи низ Европа.

Навистина, ја изгуби ли ВМРО војната на социјалните мрежи и воопшто на интернет просторот? Дали затоа Мицкоски бара партиски митинзи во кампањата? Или затоа што му е важен секој човечки живот? Или можеби затоа што, како што изјави на ТВ Телма, се чувствува како пропаднат спортист? Ах!

Многумина искрено се израдуваа од ова осовременување на политичката кампања, се разбира, доколку помине предлогот на Заев. Помина времето на покажување мускули по улици и плоштади. Новата нормалност ќе пресели голем дел од политичката борба во бескрајниот интернет простор. Ќе здивнат илјадници пристојни луѓе на кои не им е до парадите на примитивци и националисти, блокади на улиците, разгракани партиски хулигани со кренати три прста…

Да, лоша вест е, без сомнение, по сите основи. Нема веќе ни сендвичи…

 


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk