ГРАДСКАТА општа биолница „8 Септември“ за една недела ќе ги отвори амбулантите, ќе започне да функционира нормално и ќе биде во служба на сите пациенти, не само на оние со КОВИД-19“, објави министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.
„НАСЕЛБАТА ‘Тризла’ ниту била, ниту е жариште на КОВИД-19. Сакам уште еднаш да потенцирам дека од болеста подеднакво се погодени граѓаните од сите етнички заедници: Македонци, Роми, Турци и сите останати. Дека процентот на заразени граѓани во ‘Тризла’ не е ниту поголем, ниту помал во однос на жителите на другите урбани заедници во општина Прилеп. Впрочем, бројката од 7 жители на ‘Тризла’
инфицирани со коронавирус од први мај до денеска, го покажува токму тоа“, изјави прилепскиот градоначалник Илија Јованоски на онлајн конференција со претставници на невладини организации и неформални групи на граѓани од ромската етничка заедница.
ОСНОВНОТО јавно обвинителство – Битола денеска поднесе три предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“
„КОЈ ја сака слободата се грижи за слободните медиуми“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, по повод 75-годишнината од првиот повоен весник во земјата додавјаќи дека слободата на медиумите е мерка за состојбата во општеството.