ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Меркел: Кој ја сака слободата се грижи за слободните медиуми

Новинарите мора да можат критички да ја анализираат владата и сите политички чинители, затоа што на демократијата ѝ се потребни факти и информации, но лагите мора да се разликуваат од вистината, вели Меркел.

May 16, 2020 15:20
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Кој ја сака слободата се грижи за слободните медиуми, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, по повод 75-годишнината од првиот повоен весник во земјата.

Во денешната видео-порака Меркел истакна дека на демократијата „и  треба јавноста“.

– Демократијата има потреба од простор каде можеме да зборуваме за законите, но и за нашите вредности. Демократијата има потреба од јавноста во која може да се дискутира и да се изразат различни мислења, подвлече таа, додавајќи дека врз основа на таа дискусија може да се развијат заеднички решенија.

Тоа, меѓутоа, потенцира таа, бара толеранција кон мислењата на другите и тоа бара прифаќање на критиките.

Меркел истакна дека ова е особено потребно сега, кога граѓаните се соочуваат со пандемија на коронавирусот и кога се водат дискусии за политичките и социјалните последици.

Таа ги отфрли критиките дека медиумите во моментов не го претставуваат целиот спектар на мислења.

-Не го гледам така, туку напротив. Секој ден учиме, од науката пред се и не снабдуваат со нови знаења.  Апсолутно е важно тоа да го разбереме  и што е можно повеќе луѓе да дознаат за тоа. За тоа се грижи понудата на медиуми , како јавниот сервис, така и приватните, аналогните, како и дигиталните медиуми, додаде Меркел.

Таа рече дека новинарите мора да можат критички да ја анализираат владата и сите политички чинители, затоа што на демократијата ѝ се потребни факти и информации, но лагите мора да се разликуваат од вистината.

-Мора да биде можно од различни перспективи да се види реалноста и од тоа да се извлечат соодветни заклучоци, објасни Меркел.

Според неа, слободата на медиумите е мерка за состојбата во општеството.

-Затоа е загрижувачко кога се напаѓаат новинари во нашето демократско општество, рече таа.

Меркел рече дека е горда и благодарна што во Германија имало повеќе од седум децении слобода на медиуми и побара да се води грижа секој ден за да се обезбеди новинарите да имаат можност да работат слободно, дека нивната работа е ценета и поддржана./МИА/

Next Post

Филипче: ГОБ „8 Септември“ за една недела ќе ги отвори амбулантите и ќе функционира нормално

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk