ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Јованоски: Населбата ‘Тризла’ ниту била, ниту е жариште на Ковид-19

May 16, 2020 17:14
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска одржа онлајн конференција со претставници на невладини организации и неформални групи на граѓани од ромската етничка заедница, од населбата „Тризла“. Конференцијата беше одржана на барање на ромските здруженија и неформални
групи на граѓани кои, како што истакнаа, сакаа да го запознаат градоначалникот со револтот и вознемиреноста на жителите од оваа урбана заедница, после искажаниот став на ОК на ВМРО-ДПМНЕ дека населбата „Тризла“ е ново жариште на коронавирусот.
Градоначалникот Јованоски уште еднаш ја осуди непримерената изјава на членот на Советот на општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како и обидот за стигматизирање и дискриминација на ромската етничка заедница, дека токму тие се најпогодени од коронавирусот и дека населбата во која живеат е новото жариште на болеста.

„Населбата ‘Тризла’ ниту била, ниту е жариште на КОВИД-19. Сакам уште еднаш да потенцирам дека од болеста подеднакво се погодени граѓаните од сите етнички заедници: Македонци, Роми, Турци и сите останати. Дека процентот на заразени граѓани во ‘Тризла’ не е ниту поголем, ниту помал во однос на жителите на другите урбани заедници во општина Прилеп. Впрочем, бројката од 7 жители на ‘Тризла’
инфицирани со коронавирус од први мај до денеска, го покажува токму тоа. Најостро го осудувам секој обид за стигматизирање на граѓаните од било која етничка заедница, во случајот тоа беа Ромите, и ставање на болеста во етнички рамки. Ниту коронавирусот, ниту било која друга болест, ги дели луѓето по етничка припадност. И како градоначалник, но пред се’ како човек, вам, на жителите од УЗ ‘Тризла 2’ ви ја давам целата поддршка, бидејќи само единствени и обединети, од целата оваа ситуација ќе излеземе како победници“, порача градоначалникот Јованоски од денешната онлајн конференција.

Градоначалникот Јованоски, претставниците на здруженијата од ромската етничка заедница и претседателот на УЗ „Тризла 2“, дебатираа за проблемите со кои се соочува месното население од оваа урбана заедница, за досега реализираните проекти, како и за приоритетите кои се планирани да бидат реализирани во тековната 2020 година.

„Локалната самоуправа на општина Прилеп и јас како градоначалник, во континуитет работиме на подобрување на инфраструктурата и условите за живот на граѓаните, подеднакво во сите урбани и месни заедници, без било чие фаворизирање. Спремни сме да ја слушнеме секоја сугестија, секоја критика, да разговараме за изнаоѓање на заеднички решенија кои ќе придонесат за подобрување на животот на граѓаните во целата општина, без разлика на нивната етничка, партиска, верска или било каква припадност. Така беше досега, така ќе биде и во иднина“, нагласи Јованоски.

Градоначалникот Јованоски ги информираше учесниците на конференцијата дека во насока на преземање мерки за заштита на здравјето на граѓаните, Општина Прилеп ќе распредели нови количини заштитни маски, а денеска и утре ќе биде извршена дезинфекција на улиците во сите населби во градот.

Next Post

18: Тризла не е жариште на Ковид-19, тврди прилепскиот градоначалник, слободни медиуми мерка за демократско општество...

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис (30 април): Продлабочување на хармонијата и префинетоста

April 30, 2026

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk