Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов извршија увид во градежните активности при посетата на експресниот пат во изградба Штип – Радовиш кој е речиси во завршна фаза.
Како што посочи премиерот Спасовски во изјава за новинарите по увидот, Владата инвестира во патната инфраструктура и посветено работи на поврзување на нашата земја.
Освен премиерот, на увид во градежните работи беше и ресорниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески, кој увери во посветената работа на министерството и на Јавното претпријатие за државни патишта.
Патот е во должина од 40 километри и предвидено е до крајот на годината едната клучка да биде целосно функционална, рече министерот Сугарески.
А. Н. С.