Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук сподели информации околу досегашиот интерес за бескаматните линии за помош на претпријатија погодени од корона кризата и го најави третиот пакет кој ќе понуди поддршка за домаќинствата и поттикнување на потрошувачките капацитети.
Во целост е реализирана првата бескаматна кредитна линија КОВИД 1, во чии рамки се одобрени 738 кредитни барања за компании со вкупно 6.524 вработени.
Голем е интересот и за бескаматната кредитна линија КОВИД 2, за која аплицирањето заврши на 13-ти мај, до кога во Развојната банка пристигнаа 4.340 апликации.
Економскиот совет на СДСМ го финализира и третиот сет на мерки за директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка.
Владата предводена од СДСМ, преку трите сета мерки ги ублажува последиците на кризата, предизвикана со пандемијата на коронавирусот, напиша Заев во пост на Фејсбук.
А. Н. С.