ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

„Фич“ и „Стандард и Пурс“ го потврдија кредитниот рејтинг на земјава

Кредитните агенции „Фич“ и „Стандард и Пурс“ во своите најнови прогнози уште еднаш го потврдија кредитниот рејтинг на Република Северна Македонија. „Фич“ ја оцени земјава со ББ+ со негативен изглед поради глобалната пандемија на Коид-19, додека „Стандард и Пурс“ со ББ- со стабилен изглед.

May 17, 2020 08:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Кредитните агенции „Фич“ и „Стандард и Пурс“ во своите најнови прогнози уште еднаш го потврдија кредитниот рејтинг на Република Северна Македонија. „Фич“ ја оцени земјава со ББ+ со негативен изглед поради глобалната пандемија на Коид-19, додека „Стандард и Пурс“ со ББ- со стабилен изглед.

Како последица на ковид кризата и проекциите за забавување на глобалната економија, и двете кредитни агенции, предвидуваат пад на БДП во текот на оваа и нов раст во 2021 година. „Фич“ предвидува пад од 4,2 проценти за 2020 и раст од 5,1 отсто во 2021, а „Стандард и Пурс“ пад од 5 проценти оваа и раст од 3,8 отсто во следната година.

Кон крајот на минатиот месец Светската банка прогнозираше пад на економијата во земјава до максимум 3,2 проценти годинава, додека Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) неделава проектираше пад на БДП од 3,5 проценти, по што следната година се очекува земјава да забележи економски раст од 5,5 отсто.

Во реакција на прогнозите на „Фич“ и „Стандард и Пурс“, Министерството за финансии оцени дека тие ги нотирале мерките што ги презема Владата за зачувување на работните места и поддршка за најпогодените индустрии, но и меки регулаторни мерки.

– Како што се наведува и во двата извештаја мерките ќе придонесат за зголемување на буџетскиот дефицит и ќе влијаат на зголемување на државниот долг кој според проценките на кредитните агенции ќе се приближи до 50 проценти. Заедно  со опоравувањето на економијата се предвидува и намалување и стабилизирање на буџетскиот дефицит, наведе Министерството за финансии, додавајќи дека двете агенции оценуваат дека одлуката на Европската унија за старт на преговорите си земјава, заедно со спроведувањето на реформи, може значително да придонесе за развој на економијата.

„Фич“ и „Стандард и Пурс“ банкарскиот сектор во земјава го оценија како стабилен, исто како и домашната валута за која потенцираат дека има фиксен курс со еврото.

„Фич“ напоменува оти банкарскиот систем има здрави основи и висока ликвидност и е во добра кондиција, што овозможува тој да придонесе за ублажување на шокот од корона кризата, обезбедувајќи кредитна поддршка за македонската економија. Агенцијата смета дека банкарскиот систем е подготвен да ги апсорбира кредитните загуби коишто се очекувани во текот на корона кризата, но истовремено очекува оваа година да има благ пораст на вкупните кредити.

„Стандард и Пурс“ пак наведува дека во услови на неизвесност поради пандемијата, притисоците врз депозитната база биле од краткотраен карактер, како во однос на динамиката, така и во однос на промените во валутните преференции, посочувајќи на трендови на раст девизните резерви и стабилни движења на девизниот пазар.

Народната банка во реакција на прогнозите на двете агенции посочи дека тие потврдиле дека монетарната политика на земјава е соодветна, а банкарскиот систем е здрав и останува стабилен.

– Во соопштенијата на „Стандард и пурд“ и „Фич“ посебен акцент е ставен и на мерките на централната банка, преземени за поддршка на економијата во условите на глобалната пандемија на Ковид-19, како што се релаксирањето на монетарната политика и регулаторната флексибилност, како мерки коишто треба да го поддржат кредитниот циклус и да придонесат економијата да се справи со ефектот од кризата.  Во однос на следниот период, од двете агенции укажуваат на неповолните ризици од корона кризата врз економијата од една страна, но и на позитивните ризици од засилени структурни и институционални реформи, во рамки на евроинтеграцискиот процес, оцени Народната банка.

Заменик-министерката за финансии Ширет Елези посочи дека најновите мерки што ги одобри од Владата имаат за цел да им помогнат на секторите, кои се најпогодени од пандемијата на Ковид-19, но и на сите граѓани погодени од здравствената криза.

– Обезбедивме финансиски средства за над 200 илјади вработени, за 30 илјади
микро, мали и средни компании, вклучувајќи и индивидуални занаетчии, истакна Елези, додавајќи дека со мерките помош е предвидена и за 15 до 20 илјади невработени, за 120.000 граѓани со ниски приходи, 100.000 студенти и ученици, за 50.000 земјоделци, за медицинскиот персонал, за спортистите и уметниците, како и за над 320.000 пензионери.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук објави дека во целост е реализирана првата бескаматна кредитна линија КОВИД 1, во чии рамки се одобрени 738 кредитни барања за компании со вкупно 6.524 вработени.

– Голем е интересот и за бескаматната кредитна линија КОВИД 2, за која аплицирањето заврши на 13-ти мај, до кога во Развојната банка пристигнаа 4.340 апликации, наведе Заев.

Тој посочи дека економскиот совет на СДСМ го финализирал и третиот сет на мерки за директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка. – Владата предводена од СДСМ преку трите сета мерки ги ублажува последиците на кризата, предизвикана со пандемијата на коронавирусот, додаде Заев.

Управата за јавни приходи (УЈП) вчера соопшти дека финансиска поддршка за исплата на плати за месец април 2020 година им е одобрена на вкупно 16.546 компании за 103.307 вработени.

Како што информира Секторот за односи со јавност на УЈП, вкупниот износ на досега одобрената финансиска поддршка изнесува 1.447.278.909 денари.

– Даночните службеници кои работат викендов прават конечна обработка на МПИН пресметките во кои се содржани останатите барања за финансиска поддршка, за коишто в понеделник УЈП ќе го извести Генералниот секретаријат на Владата на РСМ за спроведување на исплатата, се додава во соопштението на Управата за јавни приходи.

Next Post

Црквите во Грција од денеска отворени за литургии за верниците

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk