ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Нетанјаху: Време е за анексија на делови од окупираниот Западен Брег

Вистината е дека на тие територии се роди и разви еврејскиот народ. Време е да се примени израелскиот закон и да се испише ново славно поглавие во историјата на ционизмот, посочи Нетанјаху.

May 17, 2020 16:36
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Кнесетот, пред положувањето на заклетва на новата влада на единство изјави дека е време за анексија на делови од окупираниот Западен Брег.

– Вистината е дека на тие територии се роди и разви еврејскиот народ. Време е да се примени израелскиот закон и да се испише ново славно поглавие во историјата на ционизмот, посочи Нетанјаху.

Врз основа на коалицискиот договор за поделба на власта помеѓу Нетанјаху и неговиот некогашен политички противник, лидерот на партијата Сино и Бело, Бени Ганц, планирано е на 1 јули да се претстави стратегијата за примена на планот на САД за решавање на израелско-палестинскиот судир.

Палестинците го отфрлија таквиот план, кој предвидува израелска анексија на Долината Јордан и еврејските населби во Западен Брег, палестинска територија окупирана во 1967 година. Во Западен Брег живеат 2,5 милиони Палестинци, а во изминатата деценија бројот на жители во еверејските населби се зголеми за 40 отсто на повеќе од 450.000 луѓе.

Израелските лидери за анексијата на Западен Брег во средата разговараа со американскито државен секретар Мајк Помпео, за време на неговата куса посета на Ерусалим.

Поголемиот број земји-членки на Европска Унија се против израелската анексија.

Нетанјаху денеска пред Кнесетот ја претстави владата на единство.

– Народот сакаше единство и тоа го доби, истакна Нетајаху пред пратениците.

Новата израелска влада ќе има 36 министри, што е најголема бројка во историјата на земјата.

Предвидено е Нетанјаху да ја извршува премиерската функција 18 месеци, а потоа местото да му го отстапи на неговиот некогашен политички противник, лидерот на партијата Сино и Бело, Бени Ганц. Првично, Ганц ќе биде министер за одбрана во владата на Нетанјаху.

Нетанјаху (70) е со најдолг политички стаж во Израел, тој првпат дојде на власт во 1996 година и трипати по ред беше на чело на државата од 2009 година.

На 24 мај почнува судскиот процес против Нетанјаху по обвинувањата за примање на мито и измама, дела што тој ги негира.

 

Next Post

Најбогатите Британци поради корона кризата загубиле 54 милијарди фунти

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk