Заев: Нема консензус за избори поради неодговорноста, незрелоста и партиските интереси на Мицкоски. Неодговорноста и незрелоста и мислењето само на партиската фотелја на Христијан Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ доведе до тоа да нема договор со консензус. Наместо да се стават потребите на граѓаните на прво место, тие ги стават партиските. Не сум видел политричар со ваков страв од сопствените граѓани, изjави претседателот на СДСМ, Зоран Заев по лидерската средба.
Мицкоски разочаран од Kомисијата за заразни болести. „Ме разочара извештајот на Kомисијата за заразни болести, бидејќи во 4 точки било пишано тоа што веќе сме го слушнале порано, да носиме маски, да држиме дистанца“, рече Мицкоски. Тој бара избори во почеток на вториот можен бран.