Има желба за разговори и консензус, но нема поместувања во однос на разликите за датумот за избори.На два дена по лидерската средба и на 10 дена до истекувањето на последната, четиринаесетдневна вонредна состојба поради коронавирусот, разликите помеѓу владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ во однос на терминот за одржување на парламентарните избори остануваат исти.
Денеска одлука каков ќе биде режимот на движење за време на продолжениот викенд за Бајрам.
Министерот Филипче на вчерашната прес конференција рече дека според епидемиолошките анкети, најголемото ширење на корона вирусот е поради приватните собири и помалите прослави во Скопје и Тетово.
Комисијата за заразни болести денеска ќе расправа за отворање на угостителските објекти. – Го најавивме отворањето на угостителските објекти во оваа недела, но во текот на дискусијата ги имавме предвид и претстојните празници за време на викендот, така што во текот на утрешниот ден ќе ја знаеме дефинитивната одлука согласно стручните препораки, истакна вчера Филипче.
Николоски се пожали, најбогатата партија во Европа нема пари за скапи кампањи.
Ние сакаме избори со нормална кампања. Мора да имаме избори во кои ќе можеме да се презентираме на граѓаните. Сите теренски активности и митинзи. Ние сме опозицијата, немаме друг начин да се претставиме. Ние немаме илјадници евра да пуштиме спонзорирања на Фејсбук. Ние немаме пари за да правиме скапи кампањи“, изјави Николовски