Oткако ќе го добие предлогот на Комисијата за заразни болести, Владата денеска ќе одлучува каков ќе биде режимот на движење за време на продолжениот викенд, односно дали ќе има карантин за време на Бајрам.
Министерот Филипче на вчерашната прес конференција рече дека според епидемиолошките анкети, најголемото ширење на корона вирусот е поради приватните собири и помалите прослави во Скопје и Тетово.
Филипче рече дека првата битка со Ковид-19 е добиена, но не и војната.
Владата одлучи да ја тргне забраната за јавниот превоз за патници во Општина Куманово како и меѓуградскиот превоз.
Исто така, на барање на Комисијата за заразни болести, беше одлучено дека по државниот карантин од 21 или 14 дена за граѓаните што се вратиле во земјава, домашната изолација да не продолжува уште две недели.