15: Владата не ја добила пресудата за Иловица, КЗБ со предлог за 58-часовен празничен карантин, Угостителите бараат бенефициран стаж и пријавување на полно работно време..
ВЛАДАТА сè уште не ја добила пресудата на Управниот суд со која се уважува тужбата на поранешниот концесионер на рудниците во Иловица и Штука иако таа е донесена на крајот на март.
УПИСИТЕ во основните и средните училишта ќе се спроведат во јуни, соопшти денеска министерот за образование и наука Арбер Адеми.
СИНДИКАТОТ за угостителство и туризам при Конфедерацијата на слободни синдикати бара да се реши статусот на угостителските работници, да бидат пријавени со полно работно време и да им бидат платени прекувремената работа и работата за време на празник согласно Законот за работни односи.
КЗБ предлага 58-часовен празничен карантин, од сабота во 19 часот до вторник до 5 наутро.
КОСТАДИНОВ: Доколку нема договор, тогаш по сила на Закон, изборите ќе се одржат на 21 јуни.
ВИСОКОТО ниво на девизните резерви и здравиот банкарски систем ни овозможуваат соодветно да одговориме на предизвиците од корона-кризата, оцени гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.
ЧЕСТИТКИ до сите ПОЖАРНИКАРИ, благодарност до сите пожарникари кои ХРАБРО си ги ризикуваат своите Животи за спасување на туѓи животи и материјални добра, пишува на фејсбук страницата на Инспекторат на Град Скопје.
ОД почетокот на епидемијата со Ковид-19 во земјата направени се 1.771 операции кај пациенти на хируршките клиники во комплексот „Мајка Тереза“, во Градската општа болница „8 ми Септември“ и Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
ДЕНЕСКА е евидентиран првиот докажано позитивен пациент на Ковид-19 во Струмица, информираше директорот на Центарот за јавно здравје, Петре Витанов.