ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Владата сè уште не ја добила пресудата на Управниот суд за рудникот во Иловица

May 20, 2020 14:03
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата сè уште не ја добила пресудата на Управниот суд со која се уважува тужбата на поранешниот концесионер на рудниците во Иловица и Штука иако таа е донесена на крајот на март, пренесува Мета.мк..

„До Владата на Република Северна Македонија не е пристигнат никаков официјален документ за донесена пресуда од Управниот суд во полза на поранешниот концесионер Еуромакс Рисоурсес – Скопје“, се вели во одговорот од службата за информирање на Владата на прашањето на Мета дали државата ќе се жали на одлуката на Судот.

„Веднаш штом ќе пристигне пресудата Владата ќе одговори во законски утврдените рокови“, беше соопштено од Владата.

Минатата недела јавноста дозна за пресудата на Управниот суд со која судот го врати на повторно одлучување барањето на компанијата за дозвола за експлоатација на минерални суровини.

Ова барање во октомври минатата година го одби Второстепената владина комисија поради неисполнети услови, по што Министерството за економија еднострано го раскина договорот за концесија.

Одлуката на Судот беше држена во тајност од 31 март до средината на мај кога канадската компанијата објави на својата веб-страница. Откако јавноста бурно реагираше, Судот експресно објави неколку соопштенија за јавност на 13 и 14 мај, двете потпишани од претседателот на Судот, Бурим Сејдини.

Во првото соопштение Судот само кратко информираше дека е донесена ваква пресуда, додека во второто соопштение беше посочен „итниот карактер“ на предметот поради што морало да се одлучува за време на вонредна состојба.

Судот исто така посочи дека главниот аргумент на Еуромакс е дека Второстепената комисија пред да го одбие барањето за дозвола за експлоатација на минерални суровини требала да ја почека владината одлука по претходно доставено барање за спојување на двете концесии кои ги поседуваше Еуромакс.

Рокот за жалба на ваквата одлука тече по завршувањето на вонредната состојба.

И покрај тоа што Управниот суд официјално информираше дека одлуката била уредно доставена до странките во управниот спор, и од Владата и од Министерството за економија велат дека не го добиле решението на Судот.

Од Владата велат дека, согласно информацијата којашто пред Владата ја презентираше Министерството за економија, утврдено е дека компанијата не ги доставила сите потребни документи кои се бараат согласно Законот за минерални суровини за добивање на дозвола за експлоатација.

„Оттука произлезе дека се исполнети условите за одземање на концесијата.
Одлуката за исполнетост на условите за одземање на концесијата ќе биде правосилна откако ќе заврши жалбената постапка согласно позитивните законски прописи на Република Северна Македонија“, велат од Владата.

Активистите од Струмица се изненадени и огорчени по одлуката на судот. Велат не ги чуди тоа што на пресудата и треба толку време за да стигне до Владата.

.

Next Post

Уписите во основните и средните училишта во јуни, на факултетите во август и септември

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk