Ги демантираме дезинформациите дека Владата денеска одржала седница. Денес немаше владина седница и не се донесени никакви владини одлуки.
Сите одлуки за мерките за справување со Ковид-19 се носат исклучиво со владини одлуки. Јавноста веднаш ќе биде информирана кога ќе биде закажана следна седница на Влада, како и за било која следна одлука на Влада.