ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадинов: Доколку нема договор, тогаш по сила на Закон, изборите ќе се одржат на 21 јуни

May 20, 2020 13:56
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов во денешното соопштение за јавноста ги изнесе клучните приоритети на партијата во однос на престојните избори, и најави дека согласно законските рамки изборите ќе се одржат 22 дена по истекот на вонредната состојба, и покрај опструкциите од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

„Актуелната ситуација бара одговорност, зрелост и совесност од сите, вклучително и од политичките субјекти во нашата држава.

За СДСМ како одговорна партија во овој важен период има три клучни приоритети -заштита на здравјето на граѓаните, брза трансформација на економијата и функционални институции, како гарант за силна демократијата.

По ставањето на пандемијата под контрола, силно се посветивме на носење економски мерки за брза трансформација на економијата. Сега, потребно е градење на функционални и институции со целосен легитимитет. Затоа потребни ни се парламентарни избори во првиот можен рок.

Според Комисијата за заразни болести и според надлежните институции, создадени се услови за одржување на предвремените парламентарни избори, секако со целосно почитување на протоколите за заштита на здравјето.

Дека има услови за одржување на изборите, говори и позитивниот одговор на ОБСЕ/ОДИХР дека се подготвени да продолжат со набљудувачката мисија на парламентарните избори во Република Северна Македонија.

Согласно законските одредби и Уредбата со законска сила на Владата, изборите треба да се одржат 22 дена по завршување на вонредната состојба. Во случај таа да заврши на 30 мај, изборите треба да бидат на 21 јуни.

имаме распуштено Собрание за чие распуштање гласаа сите политички партии, имаме техничка Влада по пржински модел, на крајот имаме и распишано избори од страна на претседателот на Собранието, кои беа одложени заради коронакризата. Оттука нема никакви пречки процесот да продолжи и изборите да бидат на 21 јуни.

Не смееме и со сигурност нема да дозволиме неодговорното и незрело однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја втурне нашата држава во лош правец, само затоа што тие се плашат од изборно соочување.

Токму Мицкоски се согласи за избори на 12 април. Токму ВМРО-ДПМНЕ гласаше за распуштање на Собранието, поддржаа распишување на изборите, влезе во техничка влада, поднесе пратенички листи, стави печат на кандидатските листи, учествуваше во жребувањето и дури имаат и свое бројче на гласачкото ливче.

Сега, Мицкоски единствено може да бира дали ќе води изборна кампања или нема да води изборна кампања, а неговата партија во секој случај ќе се најде на избирачкото ливче.

СДСМ е одговорна партија и како и досега дава шанса на консензусот за важни прашања, но доколку нема договор и доколку продолжи незрелоста и неодоговорноста на Мицкоски, тогаш по сила на Закон, изборите ќе се одржат на 21 јуни, односно 22 дена по истекот на вонредната состојба на 30 мај, во случај да не се продолжи.“

Избори мора да има заради здравјето на граѓаните, заради новата економија и заради функционални институции, велат од СДСМ.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Владата сè уште не ја добила пресудата на Управниот суд за рудникот во Иловица

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Француската опозиција бара предвремени избори

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025

Зеленски: Русија и покрај санкциите продолжува да купува странски компоненти за дронови и ракети од САД, Кина, ЕУ и Азија

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk