Претседателот на СДСМ, Зоран Заев уште еднаш повика на итноста од избори во земјата, за враќање на целосна функционалност на институциите и поставување на новата развојна економија.
Избори мора да има и тоа во најбрз можен рок. Потребни се целосно функционални институции за заштита на јавното здравје, поставување и водење на новата развојна македонска економија.
Ги повикувам сите партии и чинители – да ги ставиме потребите на државата и граѓаните на прво место, напиша Заев на Фејсбук.
А. Н. С.