пишува: РИБАРО
Денес Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, а пред некој ден и потпретседателот му Александар Николовски, се пожалија дека биле следени ем прислушувани. Македонската јавност остана збунета на овие тврдења, дотолку повеќе зашто Министерот Чулев денес излезе со тврдење дека челниците на ВМРО-ДПМНЕ не се следени и прислушувани. Како и зошто дојде до оваа крајно некоординирана ујдурма на челниците на ДПМНЕ, дознава АХА.
Екипата на АХА! дојде до еден многу интересен телефонски разговор меѓу министерот Чулев и неговиот налогодаваач Мицкоски:
Мицко: Наќе бе, улав ли си, што ли отсјај те има мавнато, па да излегуваш со изјави дека не сме биле следени и прислушувани со Николовски?
Наќе: Шефе, бе, никој ништо не ми кажа. Еве веќе два дена како „грмам“ во влада дека нема да дадам за викендов да има карантин, мавам по сè што не е наше, апсам, пустам… Никој не ме извести дека треба да кажам дека сте следени.
Мицко: И што „изгрми“ јадо, нели и со Али требаше да договориш да делувате координирано да нема карантин, не дека нема потреба, ама да се знае дека нашето е последно?! Читам комуњариве пак излегоа попаметни и ни го начукаа?! Туку со прислушувањево како ќе ја вадиме сега работава, кога министерот што јас го вијам, не сум го навил како што треба една обична ујдурма да сложи како што треба.
Наќе: Шефе, а да речеме дека беа жолти комбиња и странски служби тие што ве следеле, во координација со кумуњариве, нешто во тој фазон?
Мицко: А бе, ради тие жолти комбиња, ќорав еден, ние сме во опозиција цел мандат и има да си дремиме уште еден мандат! Туку, барај го непресметливион угурсуз, ако има уште нешто во ракавот, па неке е и петарда како минатиот пат, што и да е, да замајуваме јавност. И јави му се на нокаутиранион Александар, нека се сконцентрира! Прашај го зошто заборавил да те извести што треба да кажеш за прислушувањето!
Наќе: На Маленко да му се јавам? Рече ќе одел на регистрација, ќе се женел спомна, пак…
Мицкоски: $%#@&