ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче на ТВ 24: Ако не носиме маски и не држиме растојание вирусот ќе се шири

May 22, 2020 19:09
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ова е ситуација со намалување на кривата и тоа е така во целиот свет. Сега сме во мирна фаза врз која имаме контрола. Имаме нови заболени, но како резултат на контакти со претходно заразени. Уште некои факти кои влијаат, воведовме многу рестриктивни мерки и сето тоа даде резултат.“- смирува министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето на ТВ 24.

Тој посочи дека сите предлози на Комисијата за заразни болести се темелат врз анализи и се во правец на заштита на здравјето, вклучително и тој за полицискиот час. „Не се почитуваат мерките за носење маски и држење растојание. И тоа влијае врз одлуките на надлежните институции. Точно е дека има нови случаи, но тоа е очекувано. Вирусот нема да го снема, ние ќе живееме со него и токму затоа се препораките за маски и растојание. Сведоци сме дека мерките се олабавуваат, животот постепено се враќа во нормала, но тоа е можно само со почитување на препораките, во спротивно бројот на пациенти ќе расте.“- дополни министерот.

Филипче уверува дека ситуацијата е под контрола и дека единствен начин да се спречи неговото ширење е почитување на препораките.

„Кластерите се целосно познати, има по десетина случаи заразени на собир на поширока фамилија, имаме заразени и од присутните на литијата во Струга, но ние ги лоцираме, ги следиме контактите и преземаме мерки. Во изминатиов период се покажа дека само со силно рестриктивни мерки е можно спречување на вирусот. Секако олабавување на мерките се планира и за наредната недела. Таму каде што се почитуваат мерките нема вирус, но го има онаму каде што не се почитуваат.“- изјави Филипче.

Тој потврди дека целиот медицински персонал бил професионален и дека системот функционора. Тоа што има нови пациенти е затоа што има граѓани кои не ги почитуваат препораките за заштита. „Многу е важна свеста кај народот. Треба да сфатиме дека станува збор за тешка болест, ама некои тоа не го сфаќаат. Целиот свет почнува да живее со вирусот, но мораме да ги имаме „меките“ мерки, со маска и растојание. Мерките даваат ефект ако се почитуваат, но и надлежните да интервенираат и да изрекуваат казни. Ќе водиме различен живот од тоа што го имавме претходно. Никој не го очекувал ова, но мора да се сменат навиките. Во целиот свет, не само кај нас.“- заврши министерот на ТВ 24.

Next Post

Мицкоски - Здраво, би сакал да се слушнеме

EVN

НАЈНОВО

Полска веднаш побарала екстрадиција, а владата на Мицкоски чека и му отвора пат за бегство на Груевски, обвинува СДСМ

April 16, 2026

СДСМ: Mицкоски како уличар и се заканува на опозицијата со прогон

April 16, 2026

Камерниот оркестар Профундис со настап на отворањето на „Мјуз-Екс Експо фестивал“ во Тирана

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk