Во последните 24 часа регистрирани се 23 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 702 тестови, пренесе Алсат.
Скопје – 12
Куманово – 4
Тетово – 4
Прилеп – 2
Неготино – 1
Истовремено, 9 пациенти се излекувани. Регистриран е еден смртен случај на пациент од Тетово.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 365 теста се во рамките на скринингот. Направени се 136 тестирања преку ЦЈЗ Велес, 94 преку ЦЈЗ Кочани, 97 преку ЦЈЗ Скопје сите во градинки и 38 тестирања на вработени во геронтолошки установи во Скопје. Не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.
Во ГОБ „8 септември“ утрово почина 47 годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на ковид, а потврден позитивен денеска.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 9 оздравени пациенти. – Скопје 3
– Прилеп 1
– Струга 1
– Велес 3 – Кочани 1
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1921, бројката на оздравени пациенти е 1387, на починати е 112, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 422.