ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВМРО -ДПМНЕ против избори во прва половина на летото, ама водат кампања пред кампања на носителите на листи

Оперскиот пејач Игор Дурловски, кој е носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица, и Владо Мисајловски, кој е носител на листата во втората ИЕ, се приклучија кон кампањата што ја почна партискиот лидер Христијан Мицкоски за летување во земјава.

May 22, 2020 13:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Додека се противи 10. парламентарни избори да завршат во првата половина на летото, со образложение дека здравствената криза не е под контрола и нема услови за кампања, опозициското раководство снима спотови во рамки на кампањата „Летувајте во Македонија, на езеро или на планина“, анализира 360 степени.

Оперскиот пејач Игор Дурловски, кој е носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица, и Владо Мисајловски, кој е носител на листата во втората ИЕ, се приклучија кон кампањата што ја почна партискиот лидер Христијан Мицкоски за летување во земјава.

Дурловски и Мисајловски, а можеби и другите носители на листи на ВМРО-ДПМНЕ, се „главни актери“ во спотови во траење од по неколку минути, снимени на локации во рамки на нивните изборни единици.

Додека ВМРО-ДПМНЕ се противи десеттите парламентарни избори да завршат во првата половина на летото, со образложение дека здравствената криза предизвикана од коронавирусот не е под контрола и дека нема услови за кампања, партиското раководство снима спотови во рамки на кампањата „Летувајте во Македонија, на езеро или на планина“.

Последниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ е дека изборите може да се одржат на крајот на летото, односно во последните две недели на август или на 13 септември.

Пред неколку дена ВМРО-ДПМНЕ го промовира спотот на Мицкоски во рамки на оваа „туристичка кампања“, а денеска се објавени и спотовите на Дурловски и на Мисајловски, кои се претставени како носители на листи во соопштенијата на партијата.


Спотот во кој се појавува оперскиот пејач Дурловски е снимен на локации во неговата изборна единица, односно во Битола и Охрид… Неговата противкандидатка од СДСМ во петтата ИЕ е заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Спотот на Мисајловски е снимен на локалитетот Кокино, близу Куманово – најголемата општина во рамки на втората изборна единица, каде што носител на листата е потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој е носител на листата на СДСМ во „двојката“.

Во другите четири изборни единици носители на листите на ВМРО-ДПМНЕ се Гордана Силјановска во „единицата“, наспроти Никола Димитров од СДСМ; Игор Јанушев во третата ИЕ контра Љупчо Николовски; во „четворката“ Александар Николоски треба да му се спротивстави на Зоран Заев, а во шестата ИЕ е Дафина Стојаноска наспроти лидерот на Беса, Билал Касами, кој влезе во коалиција со СДСМ.

Next Post

Нови 23 заболени од Ковид-19, излекувани деветмина, еден смртен случај

НАЈНОВО

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мицкоски: Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме, неговите надежи и нашата заедничка татковина

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk