ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Изборите се гаранција за поефикасно справување со последиците од кризата

May 23, 2020 22:28
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на СДСМ и носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во изборна единица 3, Љупчо Николовски во обраќање до медиумите по координативниот состанок со Регионалниот изборен штаб ја истакна итноста од избори за целосно враќање на институциите во функција и поефикасно справување со последиците од кризата.

Заедно со кандидатите за пратеници од Изборната единица 3 денеска имавме координативен состанок со Регионалниот изборен штаб.

Разговаравме за справувањето со коронавирусот, за мерките за заштита на граѓаните  и потребата од избори најдобро што може.

Изборите се потребни заради целосна подготвеност на државата пред вториот бран на вирусот наесен, заради заштита на здравјето, рестарт на македонската економија но и целосно функционални институции.

Изборите се решение! Тоа е нашата порака! Решение затоа што ќе им дадат полн легитимитет на законодавната и извршната власт, на ново Собрание и Влада. Решение затоа што ќе создадат простор за подобра и понавремена подготовка пред вториот бран на вирусот наесен. Решение кое гарантира најголема заштита на здравјето на граѓаните и најдобри услови за рестарт на економијата.

Никој не знае колку ќе биде голем и какви последици би донел тој нов бран на коронавирус на есен, за што предупреди и Светската здравствена организацијата.

Затоа сега е моментот, кога ситуацијата ја држиме под контрола.

На државата на граѓаните ѝ се потребни институции, функционално Собрание, политичка Влада со пренесен легитимитет од граѓаните.

Така, државата уште подобро би се справила со тоа што не чека на есен. Здравјето и животот  на луѓето се најважни. Но, важна е и економијата, важни се и останатите сектори. Колку пократко трае оваа состојба, толку побрзо ќе се вратиме во нормала.

Затоа, изборите се решение!

Уверени сме, институциите ќе ги обезбедат сите превентивни мерки за 100% заштита на граѓаните на денот на гласањето, ќе имаме 100% безбедно гласање.

Веќе 18 држави соопштија дека ќе одат на избори пред летото. Сите држави кои имаат избори оваа година ги закажуваат во овој период, затоа што тоа е одговорно, државнички.

Предлозите за избори на крајот на август или почетокот на септември, се опасни за здравјето и всушност се предлози да нема воопшто избори туку да се создаде Уставна криза.

Ние како одговорни луѓе тоа нема да го дозволиме.

Мицкоски од сите страни е веќе виден како неодговорен и незрел политичар, тоа го велат граѓаните.

Ничија политичка кариера не може да биде поважна од граѓаните и нивната сигурна иднина.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Забрана за движење од недела од 11 часот до 05 часот во вторник

НАЈНОВО

Шпанскиот премиер побара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт

September 16, 2025

Завршна декларација од Доха: Итнo прекин на агресијата врз Палестинците и санкции за Израел

September 16, 2025

Фондацијата „Никола Кљусев“ го организира регионалниот собир за кинеско-балканските односи

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk