Забраната за движење за време на продолжениот викенд започнува утре (недела, 24 мај) во 11,00 часот, а ќе трае до вторник (26 мај), до 05,00 часот.
Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со Ковид-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, Владата вчера донесе одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на празничниот викенд.