Како во време на месецот Рамазан, така и за Бајрамската молитва, џамиите во соседно Косово нема да бидат отворени. Муслиманите во оваа држава за разлика од другите години молитвата за Фитр Бајрам ќе треба да ја обавуваат дома. Реисулот на ИВЗ на Косово, Наим Трнава на последната средба со Министерот за внатрешни работи, Џелал Свечла, изјави дека тие како најголема верска заедница ќе ги почитуваат мерките за да побрзо се надмине епидемијата на КОВИД-19.
Од друга страна во Албанија, долгогодишната традиција на обавување на Бајрамската молитва на главниот плоштад на Тирана, оваа година нема да се реализира. Верниците од исламската вероисповед оваа молитва прв пат пос многу години во Албанија, Бајрамската молитва ќе ја вршат внатре во џамиите.
Турција и Саудиска Арабија во „Бајрамски карантин”
Светите муслимански места Мека и Медина во Саудиска Арабија после многу векови, молитвата на Рамазан Бајрам ќе ја обавуваат без вообичаното присуство на поголем број верници.
Муслиманите ширум светот, во услови на пандемијата на коронавирусот го дочекаа првиот ден на Рамазански Бајрам, јавува Анадолија.
Во џамиите во земји ширум светот, вклучително и Индонезија, Пакистан, Авганистан, Турција, Малезија, Грузија, од верниците кои дојдоа на бајрам-намаз беше побарано да почитуваат голем број мерки воведени за да се спречи ширењето на инфекцијата.
Станува збор за мерки како што се почитување на физичкото растојание, употреба на заштитни маски и сопствени сеџаци (простирки за молитва) и земање адест во домовите.
Освен забраните за странски лица да патуваат во оваа земја, саудиските власти донесоа одлука од 23 до 27 мај да се воведе целосен карантин. Минатата година бројот на верници кои одлучија да го прослават празникот Рамазан Бајрам во овие две свети места надмина над еден милион муслимани.