По триесет дена пост верниците од исламска вероисповед денеска го слават Фитр Бајрам (познато меѓу народот како Рамазан Бајрам ). Честитките за овој верски празник почнуваат по завршување на Бајрамската молитива. Оваа година како резултат на пандемијата со КОВИД-19 во џамиите Бајрамската молитва ќе се одвива под мерките и упатствата дадени од страна на здравствените власти за носење маска и почитување на физичка дистанца од минимум 1,5 метри.
Слични препораки до имамите и советите на џамиите упати и Исламската верска заедница (ИВЗ), која донесе одлука оваа молитва годинава да не трае повеќе од 15 минути, односно при присуство во џамиите верниците да ги почитуваат дадените упаства.
Како првевенција од ширење на коронавирусит и почитување на физичката дистанца, од ИВЗ исто така упатија апел до верниците по можност при обавување на Бајрамската молитва повеќе да ги користат дворовите на џамиите.
Ограничено време за честитки на Рамазан Бајрам
Баклавата и слатките кои се синоним за Фитр Бајрам оваа година се очекува да се служаат само на потесниот дел од семејството.
Пандемијата со КОВИД-19, стравот кај верниците за проширување на коронавирусот и одлуката на Владата полицискиот час денеска да почне од 11 часот ќе бидат главна пречка за да се посетат поширокиот круг роднини и пријателите.
Освен здравствените институци, и имамите и оџите упатија апел до верниците за редуцирање на бројот на посети на овој голем ден за муслиманите, се со цел да се заштити здравјето на граѓаните.