– Зоран Заев е спремен да гази по човечки трупови. Зоран Заев си дозволува да го загрозува здравјето на граѓаните, пуштајќи ги своите партиски активисти вон изборен период да делат пропаганден материјал без заштитна опрема, со што го жртвува секого само за да си ја спаси партиската фотелја и да го намали поразот што му претстои на изборите, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Стоилковски вели дека Зоран Заев наместо да се справува со епидемијата тој ја расплантува. Згрозувачки беа фотографиите како партиски активисти делат наводна помош без заштита. Човекот губи секаква контрола и е спремен на се само да одбегне одговорност, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Стоилковски.
Она пак што е очигледно од фотографиите, е тоа дека активистите носат заштитна маски кога се во контакт со граѓаните