ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Препораки на Народната банка во врска со исплатата на мајските пензии

Во трговската мрежа, секогаш кога е можно, најсоодветно е плаќањата да се вршат безготовински – со употреба на картичката.

May 25, 2020 14:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пензионерите кои поседуваат дебитна картичка и од среда ќе располагаат со својата мајска пензија, заради заштита на јавното здравје да настојуваат секогаш кога имаат потреба од готовина, за таа цел да ги користат банкоматите со што ќе придонесат за помало физичко присуство во банките и ќе им дадат предност на пензионерите кои во моментот не поседуваат дебитна картичка, апелираат од Народната банка.

По известувањето дека сите банки се подготвени да ја реализираат предвремената исплата на мајските пензии, од Народната банка апелираат:

– Во трговската мрежа, секогаш кога е можно, најсоодветно е плаќањата да се вршат безготовински – со употреба на картичката.

– При посета на филијалите и експозитурите на банките, пензионерите коишто досега не поседуваат дебитна картичка, да поднесат барање за изработка на картичка поврзана со нивната сметка. На тој начин, нивните средства ќе им бидат достапни во секое време, без да треба да ги посетуваат филијалите и експозитурите за да подигнат готовина.

– Граѓаните коишто се во други возрасни групи, особено во текот на готовинската исплата на пензиите, при посета на филијалите и експозитурите на банките, да им дадат предност на пензионерите коишто имаат потреба од банкарски услуги.

– При една посета на филијала/експозитура да се реализираат сите банкарски услуги за коишто клиентот смета дека во овој период е потребно физичко присуство во банките.

– При посета на филијалите и експозитурите да се почитува обврската за задолжително носење лична заштитна опрема (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, марама или шал, бандана и слично).

– Да се почитуваат насоките за соодветна раздалеченост од другите лица, пред и во објектите на банките.

Од Народната банка, исто така, потсетуваат дека според веќе објавениот распоред, исплатата на мајските пензии за пензионерите коишто не поседуваат дебитни картички ќе се спроведе по групи:

– во среда, 27 мај – пензии со висина до 11.000 денари;

– во четврток, 28 мај – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– во петок, 29 мај – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– во понеделник, 1 јуни – пензии во висина над 18.000 денари.

Апелираат за придржување до распоредот, со што ќе се овозможи бројноста на лица во филијалите и експозитурите на банките значајно да се намали, во корист на здравјето.

Од Народната банка, исто така, укажуваат дека системскиот пристап којшто се воспостави при претходната исплата на пензиите, со заеднички заложби на банките и на сите институции вклучени во процесот, и овојпат ќе ги даде очекуваните резултати, во функција на заштита на јавното здравје.

Next Post

Во Словенија веќе се тестира 5Г технологијата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk