ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

15: Нови 16 позитивни и 14 оздравени, зголемени плати во здравството, се чека отворање на границите…

Блок вести во 15,00 часот.

May 26, 2020 15:05
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

МИНИСТЕРОТ Филипче ги објави денешните бројки за состојбата со коронавирусот: 14 оздравени пациенти, регистрирани се 16 нови случаи на ковид-19.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Владата Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и генералниот директор на АД МЕПСО, Ева Шуклева во работна посета, пред пробното пуштање во работа на делницата од 110 kV далекувод „ТС Штип – ТС Пробиштип”.

Спасовски денеска соопшти дека во наредниот период треба да се очекува одлука за отворање на границите. За ова прашање, како што соопшти денеска по посетата на Штип, се разговара со соседните земји и со земјите од ЕУ.

Премиерот го посочи и фактот што со обновувањето и модернизирањето на инфраструктурната електроенергетска дистрибутивна мрежа се создава подобра бизнис клима и се зголемува економскиот потенцијал како значајна основа за актуелните и сите потенцијални инвеститори во регионот.

Ги ЗАЈАКНАВМЕ професионалните капацитети на здравствените работници и овозможивме тие својата иднина и кариера да ја гледаат дома, во нашето јавно здравство, напиша Заев во пост на Фејсбук.

СПОРЕД сѐ уште актуелниот пратеник, Хари Локвенец, формалниот статус на сите 120 народни претставници во овој момент е пратеници, и оттаму, не му се јасни противењата за повторно свикување на Собранието, особено за време на прва вонредна состојба во државата.

КАТИЦА Јанева уште е во филмот на Чарлиевите Ангели, со овие зборови обвинителката Вилма Рускоска, ги почна завршните зборови за предметот „Рекет“. Според неа, Јанева со своите Чарлиеви Ангели, била подигната на пиедесталот, но таа на крај избрала да биде на страна на злото.

ФРОНТ: ЏАБИР Дерала: Недоследност, неодговорност, незрелост…И скандали

ФРОНТ: САШО Ордановски за ЦИВИЛ медиа: Страв од летање.

Во ПРИЛЕП денеска нема нови случаи на заболени од коронавирус, како ни новооздравени од оваа заразна болест.

Во ИЗДАНИЕ на МАНУ  излезе од печат Лингвистичкиот атлас на македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА), каде што се поместени 50 дијалектни карти и легенди кои ја покриваат македонската дијалектна територија претставена во мрежата на населени пунктови во рамките на Општословенскиот лингвистички атлас – ОЛА.

Во СВР ВЕЛЕС синоќа околу 21.00 часот било пријавено дека на ул. „Јордан Џурнов“, во Велес по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу 45 годишниот А.М. и неговата сопруга 42 годишната  Е.Ј. од една страна и  36 годишниот С.К. и неговата 34 годишна сопруга А.К.(34), сите од Велес.

БЛАГОДАРЕНИЕ на глобалната кампања за финансирање на истражувања поврзани со вакцината и терапијата за третман на Ковид-19, собрани се 9,5 милијарди евра, објави претседателката на Европската комисија.

ЗАШТИТАТА на изборните кампањи од лажни вести ќе биде една од централните точки на Акцискиот план за европска демократија што ќе го донесе ЕК до крајот на годинава, рече комесарката на ЕУ, Јурова, за време на дебатата во Европскиот парламент во понеделникот.

ЕВРОПСКАТА комисија информираше дека на нејзино барање се отстранети „милиони лажни реклами“ ширум Европската унија, во соработка со националните власти за заштита на потрошувачите

Од УХМР посочуваат дека продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од
дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре и во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер.

А. Н. Стојчевски

Next Post

Чантата „Луј Витон” (не) била вратена кај Јордан Камчев

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk