МИНИСТЕРОТ за здравство, Венко Филиче, по опуштањето на мерките и укинувањето на полицискиот час, преку пост на Фејсбук нагласи дека хроничните болни и родители на деца до 10 години се и понатаму ослободени од работни обврски.
Од ДЕНЕСКА целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија, соопштија од Владата.
ЕВН најави дека нема да има исклучување на должниците и нема да се реализираат отчитувања на броилата во месеците март и април поради што за овие месеци корисниците ќе добијат сметки со претпоставена потрошувачка. Откако ќе се изврши отчитувањето, сметките ќе бидат порамнети или корисникот може да побара корекција на сметката ако забележи разлика во состојбите.
ЗАЕВ во видео обраќање: Новата нормалност значи дека животот продолжува согласно протоколите за заштита, тоа е наш влог во заштитата на здравјето. Време е сите ние, како поединци, но и како општество да се подготвиме за новата нормалност, да живееме со коронавирусот. Кризата спласнува и се држи под контрола, но вирусот се уште е присутен.
ФИЛИПЧЕ на Фејсбук: Утрово се сретнав со семејството на Емилија Динева и градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов. На семејството им изразив најголема почит и благодарност за хуманоста која ја покажаа во нивните најтешки моменти.
Од ПЕТОК, 28 мај, продолжува да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица и тоа за жени со и над 62 годидини и за мажи со и над 64 години во вторник, петок, сабота и недела.
Од НЕВЛАДИНАТА организација „Коалиција Маргини“ ја поздравија препораката на Народниот правобранител со која му се укажува на Министерството за образование и наука да спроведе ревизија на учебниците по социологија за втора година гимназиско образование и да ги замени спорните содржини со текстови кои се ослободени од дискриминација по која било основа.
АНТИКОРУПЦИСКАТА комисија ќе упати барање до Државниот просветен инспекторат (ДПИ) да изврши вонреден инспекциски надзор за примената на Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во однос на постапката за избор на ректор на УКИМ, за избор на претседател на Сенатот и да преземе мерки согласно своите надлежности.
СИТЕ должници на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје имаат можност главниот долг и трошоците по наведените предмети да ги платат без камата на рати, во зависност од висината на долгот.
МЕЛИСА Ценовска од Тетово е една од стотината луѓе кои ја поминаа голготата наречена Ковид-19. Иако е во категорија на млади лица, со неполни 30 години, таа имала позитивен тест, а болеста за среќа ја поминала без поголеми компликации, со лечење дома.
Првата битка и страв кај неа било дали ќе ја пренесе короната на некој друг. За среќа тоа не се случило во сите изминати денови на опоравување.
ФОНДАЦИЈАТА Отворено општество – Македонија обезбеди поддршка во вкупна вредност од 190.000 долари за над 35 граѓански организации кои ја следат работата на институциите во областите борба со корупција, правосудство, спречување дискриминација, заштита на животната средина, трошење јавни пари и урбанистичко планирање и кои придонесуваат кон заштита и промоција на вредностите на отвореното општество.
ТАТКОТО на Моника Ристеска, позната како Моника Конопова, ќе биде задржан 24 часа во полициска станица откако претходно ги нападнал неа и мајка ѝ. Ристеска сподели слики на интернет на кои се гледаат последиците и наиде на поддршка во борбата против семејното насилство, но и на груби осуди во коментари.
Утре операција на нос и местење вилица. Држете среќа и молете се за мене да не останам грда и никаква ?? Гнасата што од негови муда искочив и што цел живот го трпам е 24 часа во станица… Убава ноќ ? #семејнонасилство pic.twitter.com/8i5R0bixL7
— Monique Konopova (@MoniqueKonopova) May 26, 2020
Во ДЕЛЧЕВО започна изградбата на атмосферската канализација на улицата 7 во населбата СРЦ. Надлежните информираат дека согласно градежните активности кои ги изведуваат екипи на Јавното комунално претпријатие ,,Брегалница”, предвидена е изградба на канализација во должина од околу 250 метри, по што, како што додаваат, инсталацијата ќе биде приклучена во коритото на река Брегалница.
ТРИ месеци од појавувањето на првиот случај на Ковид-19 во Грција, по постепеното ублажување на рестриктивните мерки и речиси враќањето во „новата нормалност“, по 72 дена секојдневни попладневни брифинзи, Министерството за здравство на Грција ги прекинува прес-конференциите посветени на новиот коронавирус
Во ТЕКОТ на следните денови, на грчко-турската граница кај Еврос ќе бидат испратени околу 400 полицајци, објавија грчките медиуми, додека пак во текот на денешниот ден министерот за цивилна заштита на Грција Михалис Хрисохоидис ќе ја посети конкретната област каде што ќе започне изградбата на 26 километарски ограда
СОЦИЈАЛНАТА мрежа Твитер стави предупредување на пораката на американскиот претседател Доналд Трамп, во која тој без докази тврди дека гласачките ливчиња испратени по пошта се измама.
А. Н. Стојчевски