ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: ЕВН никогаш нема да наплати повеќе од потрошеното, по завршување на вонредните мерки сметките ќе се израмнат

ЕВН најави дека нема да има исклучувања од дитрибутивната мрежа, но и дека во текот на март и април нема да се реализира отчитување на броилата, па потрошувачите ќе добиваат сметки со претпоставена потрошувачка.

May 27, 2020 09:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Голем број на реакции на граѓани и фирми кои се жалат на значително повисоки сметки за електрична енергија за месеците март и април. Велат дека биле изненадени на високите сметки, поради тоа што во овој период од годината вообичаено плаќаат многу пониски суми од сегашната.

-Многу од броилата некаде околу 200.000 се наоѓаат во домовите на корисниците и во време на пандемија отчитување не е препорачливо. Затоа за сите корисници беа изготвени проценети фактури. За 12 месеци потрошувачката наназад беше земена како просек и затоа некои корисници добија повисоки сметки, а некои пониски. ЕВН никогаш нема да наплати од корисниците повеќе од тоа што корисниците имаат потрошено. По завршување на вонредните мерки, со следно отчитување ќе се израмнат, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски.

ЕВН најави дека нема да има исклучувања од дитрибутивната мрежа, но и дека во текот на март и април нема да се реализира отчитување на броилата, па потрошувачите ќе добиваат сметки со претпоставена потрошувачка.

-Нема потреба од нервоза и вознемиреност околу сметките за потрошена електрична енергија. Ова не e генерална состојба, туку поединечни случаи кои добиле или повисоки сметки од вообичаените или пониски. Уште на почетокот на вонредните мерки за справување со корона вирусот, ЕВН најави дека нема да има исклучување од дистрибутивнта мрежа на должниците од категоријата домаќинстава и ЕВН нема да реализира отчитувања на броилата во месеците март и април поради што корисниците ќе добијат за овие месеци сметки со претпоставена потрошувачка. Откако ќе се изврши отчитувањето сметките ќе бидат порамнети или корисникот може да побара корекција на сметката ако забележи разлика во состојбите.

Корисниците можат да ги споредат состојбите на потрошена електрична енергија на самата сметка со состојбите на броилото и веднаш ке се разјасни се. Ако потрошувачката е приближно иста тогаш тоа е реалната потрошувачка наведена во сметките. Ако има отстапувања( повеќе или помалку киловат часа ) тогаш може да ја пријави состојбата регистрирана на броилото до ЕВН во текот на отчитувачката недела и ќе му биде изготвена коригирана сметка, рече Ковачевски.

Ковачевски истакна дека по завршувањето на вонредните мерки, за најпогодените од корона вирусот, социјалните случаи, оние кои останаа без работа и немаат никакви примања ќе има најразлични поволности со кои ќе им се помогне на граѓаните.

Next Post

Од денес нема забрана и посебен режим на движење, останува задолжително носење маски, миење раце и одржување дистанца

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

August 26, 2026

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

August 26, 2026

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk