Ријасетот го сменил Реисот.
Но, всушност треба да го смени начинот на функционирање.
- Да се откажат од методите на условување и наметнување на волјата на религиозните лидери врз населението, а спротивно од препораките на здравствените власти.
- Да се откажат од злоупотребите на моќта, од сомнителните зделки, од криминали и присвојување имоти.
– Да престанат да ги индоктринираат следбениците со застарени догми, да престанат да поттикнуваат поделби и нетолеранција, ретрадиционализација.
– Да престанат да ги осудуваат и маргинализираат обесправените, да престанат да ги понижуваат жените, хомосексуалците, сите што ги сметаат за „поинакви.“
- Да престанат со закани кон јавни личности и носители на функции (како кога Реџепи се закануваше по живот на еден судија).
Конечно, мора да започне регулирањето и даночната дисциплина и на Ријасетот, а и на секоја религиозна институција.
Тоа се вистински промени, а не само попладневна таблоидна сензација.
Фејсбук пост на Кристина Костова