Улицата Св. Кирил и Методиј добива нова велосипедска лента со ширина од 1,5 метри, која се доби со стеснување на постојните три коловозни ленти од 3,5 на 3 метри, известуваат од Град Скопје.
„Пандемијата на коронавирусот бара брзи промени во градскиот сообраќај кои подразбираат повеќе простор за велосипедистите и пешаците. Улицата Св. Кирил и Методиј добива нова велосипедска лента со ширина од 1,5 метри, која ја добивме со стеснување на постојните три коловозни ленти од 3,5 на 3 метри.
На тој начин придонесуваме и за побезбеден сообраќај преку смирување на автомобилскиот сообраќај, бидејќи ширината на сообраќајните ленти од 3 метри е идеална ширина за проектна брзина на движење од 50 км/час колкаво што впрочем е законското ограничување на максималната брзина на движење на автомобилски сообраќај на градските улици.“ велат од Град Скопје.