ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Поделена помош за деца Роми вклучени во градинката „8ми Април“ во Шуто Оризари

May 28, 2020 15:57
in ДЕНЕС, МОЗАИК, СОЦИЈАЛА

Во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и партиципацијата на учениците Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“ денеска се подели помош за 136 деца Роми вклучени во предучилишно образование и ран детски развој во општина Шуто Оризари. Обезбедени се 136 прехрамбени и 136 хигиенски пакети и школски прибор за 136 децата кои се таргетирани со проектот, јавуваат од Ромски Ресурсен Центар од Скопје.

Во рамките на проектот пакети со храна, хигиена и школски прибор ќе добијат вкупно 210 деца Роми кои спаѓаат во најранливите категории на семејства а се вклучени во предучилишно образование во Шуто Оризари, Тетово и Гостивар

Покрај пакетите со храна, хигиена и школски прибор, во текот на наредната недела ќе се доделат и 170 таблети и интернет пакети за два месеца со 10 GB интернет за најзагрозените ученици Роми вклучени во прво, второ и трето одделение а се дел од програмата за туторска поддршка во рамките на проектот во општините Шуто Оризари, Тетово и Гостивар, кои немаат можност да ја следат онлине наставата.

Целата помош се дели во координација и со поддршка од општините, основните училишта и градинките во таргетираните општини.

Целта на оваа помош е да се помогне на најранливите категории на деца и ученици Роми да можат успешно да продолжат со образовниот процес како и да се намалат последиците врз нивното образование поради ситуацијата со COVID 19.

Оваа помош е обезбедена со проектот „Зголемување на пристапот и партиципацијата на учениците Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“ кој е финансиран од Европската Унија и Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта. Проектот го имлементираат Ромски Ресурсен Центар од Скопје во партнерство  со Сонце од Тетово, а е менаџиран од Ромскиот Едукативен Фонд.

Овој проект е дел од програмата „Зголемени образовни можности за ученици Роми и млади Роми во земјите од Западен Балкан и Турција (RARE) кој е имплементиран од Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта.

 

Next Post

Aнализа на Си-Ен-Ен: Разорен биланс од пандемијата во САД

НАЈНОВО

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025
Фото: Скриншот, видео од Х

(ВИДЕО) Тесла Cybertruck доби максимални пет ѕвездички на тестот за безбедност

August 23, 2025

Шукова и Мојсова: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk