Наќе Чулев, свесно очигледно играше на оваа карта да се дозволи да нема казнување да нема почитување на мерките и луѓето да се заразуваат и да има бројки за вие да бегате од избори. Зошто бегате од избори? Не ве сфаќам и не ве разбирам. Друга институција која може да казнува во моментов нема. За непочитување на мерките освен МВР кој може да изрече казна?, рече Зеќири во гостување на ТВ24.
Која е конзистентноста на ставовите на ВМРО ДПМНЕ, во петокот излегоа со став дека тие се против полициски час за Бајрам, не треба да има полициски час и сега откако имаше полициски час, откако се тргнаа мерките, сега тоа ви смета. Вашиот лидер за време на пикот на пандемијата одеше по теретани, не почитуваше мерки па се јавуваше да ургира во МВР и вие сакате да ми кажете дека се грижите за здравјето на луѓето?, запраша Зеќири.
Која е институцијата која што требаше да изрекува казни ако не се почитуваат препораките? Во државата тоа е МВР. Последниве случаи на заразени лица, поголемиот дел, не сите ни се резултат кога вашиот министер прекина да казнува луѓе и дозволи во овие населби каде што има сега најмногу случаи, Чаир, Бутел, Сарај, Сингелиќ да се организираат и да не се преземи ниту една мерка од МВР масовни ифтари и затоа во време на полициски час се случуваше. Полицијата никогаш не отиде да каже „Луѓе, што правите?“ Од литијата во Струга, кој е казнет да непочитување на мерките таму, знаете некој?, вели тој.