СДСМ нема отстапено од своите позиции, но ние сакаме да постигнеме договор, за тоа има време до сабота. Ако се укине вонредната состојба ние треба да го почитуваме Уставот и Законот односно Уредбата која што кажува дека ќе се одмрзнат роковите и ќе треба да почнат да течат 22 дена кои што се останати, истакна Мухамед Зеќири, потпретседателот на СДСМ.
Секако, отворени сме за дијалог, има канал на комуникација меѓу двете партии и ние се надеваме и посакуваме да постигнеме заеднички датум и да настапиме на избори. Повторно ќе кажам СДСМ сака избори брзи со учество на опозиција односно на сите политички чинители кои што се дел од изборниот процес со веќе утврдени листи и да ги поразиме на тие избори.
Откако не беше добиен датумот, СДСМ предложи избори во декември, ВМРО-ДПМНЕ беше против, прифатија април, прифативме април. Поради короната прекинаа изборните дејствија и сега ние сме без институции. Имавме иницијатива да се врати Собранието, но ВМРО-ДПМНЕ не прифати да се приклучи на таа иницијатива, ни ДУИ не прифати, вели Зеќири.