Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири, на телевизија 24 зборуваше за позициите на СДСМ околу престојните избори и меѓупартиските преговори кои ги водат партиите за утврдување на датум. Тој повтори дека здравјето останува приоритет и дека изборите нема да го загрозат.
„Активни заразени кај нас имаме 470. Никој не прогласил дека борбата против Ковид 19 е завршена, ние со ова ќе живееме со години. Ние ги следиме препораките на лекарите. Која е институцијата која требаше да пишува казни за несовесните граѓани? Во последните денови сите заразени се од масовните собирања, и тоа собирања во време на полициски час, пред се ифтарските вечери. Кого казни Чулев од литијата во Струга? Ова беше смислена стратегија на ВМРО ДПМНЕ, да не пишува казни на несовесните и така остави да се пренесува заразата. А потоа новите заразени ги користи за одложување на изборите, изјави Мухамед Зекири, потпретседател на СДСМ на ТВ24.
Тој потсети дека во Северна Македонија се направени над 30.000 тестови за коронавирусот и дека довербата на граѓаните во институциите никогаш не била поголема.
Ако ВМРО ДПМНЕ тврди дека ќе не порази нека повели на избори, ако сме толку неспособни како што викаат, тие ќе сакаа избори утре, а не да ги одложуваат. ВМРО ДПМНЕ во секоја дебата бега од одговорот зошто Чулев не ги казнува несовесните граѓаните.
За илустрација, Чулев бараше да нема полициски час за Бајрам, а сега кога нема полициски час и кога има полабави мерки на ВМРО ДПМНЕ му смета, со нив никогаш не си на чисто. Да потсетам, Мицкоски одеше во теретана за време на забрана, а потоа се јавувал во МВР да врши притисок да не го гонат, дополни Зеќири.
Непочитување на мерките од страна на ВМРО ДПМНЕ и неказнувањето на Чулев не им даваат право да зборуваат за јавното здравје, заклучи Зекири.