ИЗБОРИТЕ се решение за незрелото и неодговорно однесување на Мицкоски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, велат од СДСМ.
„ФАРМА од тролови“ за креирање дезинформации за новиот корона вирус од Македонија и од Филипините работеле за Натурал њуз (Natural News), еден од најголемите споделувачи на теории на заговор и дезинформации за Ковид-19 на Фејсбук.
ГРАДОТ Скопје објави конкурс за избор на три партерни идејни решенија за „Летна отворена сцена“ на три локации во зелениот појас на Градскиот парк.
ПАРИЧНИТЕ права од социјална и детска заштита за месец мај ќе бидат предвреме исплатени.. Исплата на паричната помош од социјална и детска заштита од вторник, во три групи.
СО низа активности преку социјалните мрежи денеска Националното здружение за мултипла склероза, по повод Светскиот ден на мултипла склероза – 30 мај, ќе испрати поддршка на пациентите.
УТРЕ истекува рокот во кој граѓаните можат да ги потврдат или да ги коригираат годишните даночни пријави. Ако тоа не го сторат до утре, од 1 јуни Управата за јавни приходи ќе ги смета даночните пријави за конечни.
НЕ е до два грама образование, не е ни до десни или леви, ни до партии не е, до два грама воспитување и мозок è. Вистинска приказна раскажана од Јане Ѓорѓиоски.
ПРИЗНАНИЕТО на „добриот полицаец“ Наќе – пишува: Џабир Дерала.
ПОСЛЕ 19 години, изграден нов Воспитно поправен дом во Тетово. Штитениците од малолетничкиот затвор „Охрид“, во Домот во Тетово ќе може да почне да се преселуваат веќе од понеделник.
ПРОТЕСТИ во Кочани, околу 60 луѓе, одржале протест на улица, без маски и дистанца и извикувале „Господ е голем”.
ВЛАДАТА ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка со која се пропишува даночниот орган да не издава решенија за присилна наплата кон даночните обврзници за даночните долгови кои се доспеани во месеците мај и јуни, како и за останатите даночни долгови за кои не е поведена постапка за присилна наплата до моментот на влегување во сила на оваа уредба со законска сила.