ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„Фарми на тролови“ од Македонија работеле за еден од најголемите споделувачи на дезинформации за Ковид-19 на Фејсбук

May 30, 2020 11:25
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Скриншот од објавата на СиЕнБиСи

Скриншот од објавата на СиЕнБиСи

Share on FacebookShare on Twitter

„Фарми“ за креирање дезинформации за новиот корона вирус од Македонија и од Филипините работеле за Натурал њуз (Natural News), еден од најголемите споделувачи на теории на заговор и дезинформации за Ковид-19 на Фејсбук. Поради тоа, домејнот на Natural News и неговите сестрински сајтови се отстранети од социјалната мрежа, објави американски „СиЕнБиСи“, пренесува МЕТА.

Како што објави американсата телевизија, станува збор за „еден од најупорните споделувачи на виралното видео за т.н. ‘Пландемија’, кое лажно трвди дека корона вирусот е дел од намерна владина завера со цел да се контролира популацијата преку вакцини, и погрешно посочува дека носењето маска го зголемувало ризикот од зараза со корона вирусот“.

Фејсбук, во изјавата за „СиЕнБиСи“ објасниле дека откриле оти „странски ‘тролови’ постојатно реобјавуваат содржини од Натурал њуз, антиваксерски портал кој често постира лажни теории на заговор за корона вирусот, 5Г технологијата и Бил Гејтс. Овие ‘тролови’ исто така често реобјавувале содржини и од сестринските сајтови на Натурал њуз: Њуз таргет (NewsTarget) i Брајтион (Brighteon) во обид вештачки да го зголемат својот досег.

Фејсбук објавил дека повеќе страници од социјалната мрежа поврзани со Натурал њуз се отстранети „поради ‘спамерско’ однесување и злоупотреба, не поради содржината која ја објавуваа. Тие ги манипулираа луѓето за популарноста на нивните објави и се потпираа на ‘фарми’ за содржини во Македонија и на Филипините“.

Оттаму додале дека ваквите мерки ги преземале како дел од рутинските напори против ‘спамерски’ мрежи.

Инаку, официјалната Фејсбук страница на Натурал њуз била банирана од Фејсбук минатата година, но веб-сајтот го заобиколил банот постирајќи содржини во брендирани групи со имиња како „Amazing cures“ (Неверојатни лекови) и „GMO Dangers“ (Опасности од ГМО), кои имале стотици илјади следбеници.

Откако Фејсбук открил за манипулацијата, компанијата на 19 мај ја исклучила можноста да се постираат линкови до Натурал њуз и до сестринските сајтови.

 

Next Post

Од вторник во три групи исплата на паричната помош од социјална и детска заштита

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk