ЦИВИЛ го зголемува бројот на краткорочни набљудувачи.
МАКЕДОНСКИ „фарми на тролови“ и во други случаи се поврзуваат со „колеги“ од југоисточна Азија.
КРИТИНК: Дезинформација за изјавата на Рама – границите не се отвораат само за Албанците.
ОПШТИНА Сарај има 41 заразен од коронавирус. Ова го соопшти градоначалникот на оваа општина Блерим Беџети на денешната прес-конференција, информираат од ТВ21.
ФИЛИПЧЕ: Вирусот ќе го победиме со многу дисциплина и безусловно почитување на мерките.
ЗЕМЈОТРЕС чиј епицентар се наоѓа 165 километри југозападно од Скопје, а потекнува од пограничното епицентрално подрачје Корча, Албанија, попладнево е почувствуван во земјава.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Србија, Александар Вучиќ, на својот профил на Инстаграм објави ново предизборно видео, поради кое навлече жестоки критики затоа што во видеото се појавува девојче.
ГЕРМАНСКАТА канцеларка Ангела Меркел не ја прифати поканата на американскиот претседател Доналд Трамп во живо да присуствува на самитот на Г7 кој ќе се одржи во Вашингтон кон крајот на јуни поради пандемијата на коронавирусот.
СПОРЕД најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 6.086.344 лица. Од нив починале 368.462, а оздравеле 2.697.211.
ВРЕМЕТО утре ќе биде променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и појава на грмежи.
И.Е.