ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Македонски „фарми на тролови“ и во други случаи се поврзуваат со „колеги“ од југоисточна Азија

May 30, 2020 19:53
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Веста дека „фарми на тролови“ од Северна Македонија и од Филипините работеле за споделувачи на теории на заговор и дезинформации за Ковид-19 на Фејсбук го предизвика вниманието на македонската јавност. Вчера американски „СиЕнБиСи“ објави дека Фејсбук ги отстранил страниците на нарачателот на работата на таквите мрежи платеници.

Ова не е прв случај македонските армии на тролови да се поврзуваат со слични ентитети од регионот на југоисточна Азија.

Во септември 2018 година, како дел од кампањата „#Бојкотирам“, истражувањето на Атлантски Совет откри користење на фарма на тролови од Виетнам за подривање на поддршката за консултативниот референдумот преку кој граѓаните беа поканети да се изјаснат дали се за влегување на земјата во ЕУ и НАТО со променето име.

На пример, иницијативата на Атлантскиот Совет #ElectionWatch покажа дека виетнамски тролови се обидувале да креираат лажна слика за настани од владината кампања „За европска Македонија“ преку ставање негативни емотикони на видео-преносот на трибина од Кичево на која говорел тогашниот премиер Зоран Заев.

Според извештајот на Лабораторијата за дигитална форензика на Атлантскиот совет (Atlantic Council’s Digital Forensic Lab – DFRLab):

„Активноста изгледаше координирана со цел да се создаде лажен впечаток за тоа како јавноста ја гледа и чувствува кампањата „За“, во обид да се смени мислењето на поддржувачите и противниците.

Видеото на премиерот Заев емитувано во живо како дел од кампањата „За“ од средба со граѓаните на отворено во мултиетничкиот град Кичево. На видео-клипот има 2.753 реакции и околу 27.000 гледања.

Но, користењето на негативни емотикони беше невообичаено високо и достигна 909, при што се натпреваруваше со ракциите со 926 позитивни емотикони од обични корисници. Во споредба со други настани, во говорот не беше кажано ништо особено, ниту пак, говорникот направи некаков реторички гаф или предизвика посебна реакција  на публиката,“ стои во извештајот на Лабораторијата за дигитална форензика.

извор: Мета.мк

Next Post

Земјотрес во Корча почувствуван и во земјава

Shortcut

Најново

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

„Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk