– Во денешниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на Ковид-19, потврди министерот Венко Филипче.
Деветмесечното бебе пред неколку денови беше итно префрлено со авион од Скопје за Цирих, Швајцарија, каде се неговите родители, јави ТВ Нова, а веста ја потврди директорката на Клиниката за детски болести во Скопје.
Според информациите, бебето живеело со бабата, која исто така е позитивна на Ковид-19. Состојбата на бебето била дополнително влошена заради констатиран тумор на мозокот.
Ј. Ѓ.