Општина Сарај има 41 заразен од коронавирус. Ова го соопшти градоначалникот на оваа општина Блерим Беџети на денешната прес-конференција, информираат од ТВ21.
„До вчера имаше 39 случаи, денеска имаме уште двајца нови, вкупната бројка е 41. Заразените се од повеќе подрачја од општината“, рече Беџети.
Тој побара масовно тестирање во оваа општина за да се откријат сите случаи. Исто така апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.
На прашањето дали ќе прифати Сарај да оди во карантин, одговори дека ако централната власт одлучи такво нешто, тогаш тоа ќе мора да биде спроведено.