ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Повеќето од новозаболените се од познати кластери и со лесна клиничка слика

June 1, 2020 16:05
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатите 24 часа од направени 727 тестирања, регистрирани се нови 89 нови случаи заразени со КОВИД – 19. Оздравени се 17 пациенти, а бројот на починати лица е седум, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Одо новозаболените, во Скопје се 35, во Куманово 12, во Штип 27, во Прилеп еден, во Тетово седум, во Гостивар еден, Струмица еден, Кочани четворица и Свети Николе  еден.

Во ГОБ „8 Септември“ починале шест лица, од кои двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на 73 и 66 годишна возраст и еден од Струга на 44 години и еден од тетово на 65 години.

На Клиниката за инфективни болести починал еден пациент од Тетово на 54 годишна возраст.

Филипче соопшти дека вкупната бројка на дијагоностицирани во државата од почеток на епидемијата е 2.315, оздравени 1.569 лица, додека на починати е 140, додека во моментот активни се 606 случаи.

Вкупно се направени 30.302 теста од почеток на епидемијата, а од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 312 тестови се во рамки на скринигот на градинките и герантолошките установи во Прилеп ои Скопје, при што се регистрирани три позитивни случаи во Дом за стари лица во Скопје.

На Клиниката за инфективни болести приемни се двајца пациенти, а вкупно се хоспитализирани 45 и нема пациенти на механичка вентилација. Во „8 Септември“ се примени пет, а вкупно позитивни таму кои се лекуваат се 20, додека на респираторна машина се тројца. Во болницата во Битола се пет хоспитализирани, во штип 15 и во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани вкупно 27 пациенти.

Според Филипче, во однос на кластерите, околу 70 проценти од сите новите случаи се од веќе познати кластери пред се од општините Чаир и Сарај, каде интензивно се работело изминатите денови.

– Денеска веќе во Сарај има само двајца новодијагностицирани, останува интензивна работа во населбата Чаир, рече Филипче, и додаде дека се работи и во Студеничани.

Комисијата за заразни болести ја анализирала состојбата во изминатите две недели по што било заклучено дека и покрај високите бројки на новозаразени, како што рече Филипче, нема пациенти кои се јавуваат во болниците, а тоа значи дека поголем дел се со лесна клиничка слика и можат да се лекуваат во домашни услови или еден добар дел се асимтопатски носители.

Next Post

Речиси 700 скопјани само во еден ден аплицирале за субвенции за велосипеди и тротинети

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk