ФИЛИПЧЕ: Се разгледува можноста за враќање на рестрикциите и во зависност од анализите одлуката дали тие ќе се вратат ќе знаеме во наредниве денови.
Точно знаеме што се случува и имаме капацитет да се справиме и со овој бран на болеста, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Ги следиме информациите, бројките од денеска, ќе ги следиме и во текот на утрешниот ден или во четврток ќе се донесат соодветни одлуки, истакна министерот за здравство Венко Филипче.
МИНИСТЕРСТВОТО за здравство информира за последните промени околу состојбата со Ковид-19 кај нас, преземените чекори во одредени посериозни ситуации, текот на скрининзите, и повторно упатува апел за следење на мерките и препораките за заштита.
ДИРЕКТОРОТ на ДПИ Стојко Пауновски: Државниот пазарен инспекторат изрекол 856 опомени и поднел 26 кривични пријави во врска со спроведувањето на протоколите за работа. При контролите е утврдено и дека дел од тие кои почнале со работа во летните тераси се нерегистрирани и по тој основ за 41 субјект се изречени прекршочни пријави и се издадени платни налози.
Во ПРИЛОГ на телевизија Телма, некои од пациентите примени на Инфективната клиника во Скопје говореа пред камерите за нивните искуства, стравот за сопствените животи, но и борбата на медицинскиот персонал кој неуморно се бори за секој човечки живот.
СМЕТАМ дека сум невина и не сум го сторила делото и се срамам што сум дел од обвинение за кое се покажа дека е клевета, затоа што не постојат никакви доакзи за делото за кое се товарам, изјави Катица Јанева, во завршен збор за случајот „Рекет“.
ДИРЕКТОРКАТА на ДЗСИ рече дека будно се следи состојбата со кластерите на заразени со КОВИД-19, коишто се појавија во штипските конфекции. Во Штип издадени се 55 решенија за самоизолација на позитивни случаи и 169 решенија за лица коишто имале контакти со позитивно дијагностицираните. Направени се вкупно 100 тестирања, а во тек се уште 485 тестирања на вработени во веќе споменатите правни субјекти во Штип.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на Чаир, Висар Ганиу, на својот Фејсбук профил информираше дека неговиот резултат од тестот за корона вирус е позитивен.
СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот и ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, во соработка со феминистичката платформа Медуза и Сенки и облаци, организираат заедничка кампања со спроведување на активности по повод одбележувањето на 2 Јуни – Меѓународниот ден на сексуалните работници.
ЕВРОПСКАТА Комисија денеска го презентираше предлог буџетот 2021-2027 во делот на надворешната политика и проширувањето. За земјите од Западниот Балкан и Турција се предвидуваат 14,5 милијарди евра, предлог кој треба да го прифатат Европскиот Парламент и Советот на ЕУ.
СОПРУГАТА на поранешниот полициски службеник Дерек Шовин, Кели Шовин во барањето за развод поднела и барање за промена на презимето, како и сопственост на нивните две куќи, стои во текст на CNN.
За ЧЕТИРИ дена, на 6 јуни, астероид класифициран како „потенцијално опасен“ ќе ѝ се доближи на Земјата, соопшти НАСА.