ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

June 3, 2020 19:04
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот до сега има 6.511,213 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 384.462, а оздравеле 3.099,058 луѓе.

– Од последниот пресек на состојбата во Србија, 5.110 лица биле тестирани за коронавирус, а вирусот е потврден кај 69 од нив. Во земјата, во овој период, нема смртни случаи од последиците од коронавирусот, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство covid19.rs. Вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата е 245. Излекувани се 6.852 пациенти.

– Во изминатото деноноќие во Албанија регистрирани се 20 новозаразени со Ковид-19, од тестираните 297 сомнителни случаи во лабораторијата за вирологија при Институтот за јавно здравје. Од почетокот на пандемијата направени 16.817 тестови, од нив 15.365 молекуларни и 1.452 серолошки. Вкупната бројка на заразнеи изнесува 1.184. Битката со опасниот вирус ја добиле 898 од нив, додека починале 33 лица. Активни на болеста се 253, од нив осум отсто или 21 лице се третираат болнички од кои петмина се на интензивна терапија а еден пациент на респираторна машина.

– Рекорден број смртни случаи е регистриран во Бразил за еден ден, објави бразилското Министерство за здравство. Епидемијата не покажува знаци на слабеење во оваа најголема земја во Латинска Америка, каде, во последните 24 часа, потврдени се 28.936 нови случаи на инфекција и 1.262 смртни случаи. Досега во Бразил се разболеле 555.383 лица, а 31.199 починале.

– Бројот на откриени случаи на коронавирус во Индија во последните 24 часа е зголемен за повеќе од 8.900 лица. Бројот на заразени лица во земјата достигна 207.615, според Министерството за здравство и грижа за семејството. Според Министерството, во моментов се лекуваат 101.497 лица заболени од болеста, а оздравеле 100.302 лица. Во Индија досега се починаа 5.815 лица.

– Бројот на нови случаи на Ковид-19 во Русија за последните 24 часа е 8.536, а за целиот период на пандемија – 432.227, соопшти оперативниот штаб за борба против коронавирусот. Во изминатите 24 часа имало 178 смртни случаи, со што вкупната бројка достигна 5.215. Вкупно оздравеле 195.957 пациенти, а само во последните 24 часа, 8.972 пациенти примени на третман со коронавирус се отпуштени од болниците.

– Според последните официјални податоци на косовските здравствени власти, бројот на заразени од новиот коронавирус од појавата на епидемијата во Косово изнесува 1.142, а само денеска се регистрирани нови 19 случаи. Од нив, излекувани се 871 лице, од кои 24 денеска, додека вкупно починаа 30 заболени. Според овие податоци, официјалната бројка на активни случаи моментно изнесува 241. Во лабораторијата за микробилогија на Институтот за јавно здравство на Косово денеска се испитани примероците на 253 лица за кои постоело сомневање дека се заразени, а од почетокот на пандемијата вкупно се извршени 15.586 тестирања. Ново жариште на епидемијата во земјата е Вучитрн, каде што последните денови се потврдени неколку десетици новозаразени, од кои денеска 14, речиси сите случаи на контакти за време на прославата на муслиманскиот верски празник Бајрам./МИА/

Next Post

Филипче ќе одржи прес-конфeренција во 20 часот

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk