ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МТСП и УНИЦЕФ обезбедија 500 пакети со дидактички материјали за деца со попреченост

June 3, 2020 09:23
in ДЕНЕС, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

– Министерството за труд и социјална политика во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ обезбеди 500 пакети со дидактички материјали за децата со попреченост кои посетуваат Дневни центри  во 30 општини во државата и за децата со попреченост кои беа опфатени со процесот на деинституционализација и кои продолжија да живеат во мали групни домови во Демир Капија, Неготино, Битола и Скопје, соопштуваат од МТСП.

Од МТСП велат дека со спроведувањето на мерките за заштита од пандемијата и привременото затворање на училиштата, градинките и дневните центри, многу родители на деца со попреченост ја изгубија секојдневната поддршка. Од тука од МТСП нагласуваат дека за да продолжи поддршката на оддалеченост, специјалните едукатори, психолозите и социјалните работници вработени во Дневните центри обезбедуваат онлајн или телефонски совети за користење на дидактичките материјали, психо-социјална поддршка и изработка на прилагодени индивидуални едукативни програми со корисниците на дневните центри и нивните семејства за полесно спроведување на активностите во домашни услови.

„Создавањето можности за учење и игра во домашни услови е особено важно за ранливите семејства кои се грижат за деца со попреченост поради нивниот недостиг на средства и пристап до други мрежи за поддршка. Обезбедувањето дидактички материјали исто така ќе помогне во остварување на активностите кои ги спроведуваат тимовите составени од психолози и специјални едукатори кои работат со децата без родителска грижа во малите групни домови.

Како дел од пошироката соработка на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика, во партнерство со “Отворете ги прозорците“, а со финансиска поддршка од Амбасадата на Велика Британија, се одржуваат работилници за обука на вработените во дневните центри за да продолжат со трасирање на процесот на транзиција на дневните центри во центри на ниво на заедницата за поддршка на децата со попреченост и нивните семејства и старателите. Центрите за поддршка ќе обезбедуваат разновидни услуги прилагодени кон потребите на семејствата, ќе поттикнуваат поголема вклученост на заедниците и ќе работат на рана интервенција за да се олесни инклузијата на децата со попреченост во образованието и во општеството.“ соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.

J. Ѓ.

 

Next Post

Словенија распореди уште илјада полицајци на границата со Хрватска поради мигрантите

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk