ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Што е потребно овие „неверни бомби“ конечно да поверуваат?

June 3, 2020 14:49
in ESPRESSO, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Денес 101 регистрирани нови случаи на корона вирус во Македонија. Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил вчера напиша објава за прилогот од Телма која направи репортажа со пациентите заразени од Ковид-19 кои се лекуваат на Инфективната клиника.

„Заир од Куманово не верувал во Ковид-19. Но, тој пред две недели бил однесен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, и како што вели самиот – дишел на шкрги. Лекарите едвај се избориле за повторно да земе воздух со полни гради, бидејќи снимката на прием покажувала дека коронавирусот опфатил 90 проценти од нив. Заир верува во докторите кои му го спасиле животот, а денеска го чека и вториот негативен тест. Тој порачува да носиме заштитна маска и да внимаваме на нашето здравје. Му посакувам што побрзо да биде со неговото семејство и да се врати со секојдневните животни активности.“, напиша Филипче.

Она што може сите да го видиме од репортажата „Нè вратија од мртвите…“, е сведочењето на Заир од Куманово, кој низ солзи раскажува за голготата што ја преживеал со корона вирусот. Тој вели дека бил еден од оние што не верувале дека вирусот постои, се додека самиот не заболел толку многу што во Инфективна клиника бил донесен во многу тешка состојба од симптомите од Ковид-19. Заир низ солзи ја искажува својата благодарност до здравствените работници кои му го спасиле живото и му овозможиле повторно да си ги види дечињата и семејството.

Но, за жал ни овие сведоштва на наши луѓе, на луѓе со име и презиме не се доволни за да се убедат корона скептиците и теоретичарите на заговори, дека корона вирусот постои и дека е опасен по животот и на тие што веруваат и на тие што не веруваат. Ова се само дел од коментарите што се објавени на постот од министерот каде е прикажана репортажата од Инфективна клиника.

– Марија Мило: Абре која корона. Имате ли лично видено, дали познавате некој што умрел…

Васко прашува: Со колку евра го купивте интервјуто со Заир?…

Невер Норт Мацедониа: Никој веќе никаде не зборува за короната само северџаните сè уште паѓаат на ниски трикови…

Фадил: Е вака лагата нека изгледа посериозна, нека мислат луѓето дека вирусот постои…

Даут: Господ знај колку пари му дадоа тоа да го кажи и да ги пофали докторите…

Дејан: Ковид не постои, туку работава е 5G…

Амир: Лажете од првиот до последниот…

Саше: Овој машала планина ќе помести, а не да е болен…

Никола: Драпај си мадињата, од мртвите ги извадиле…

 

Она што посебно загрижува е тоа дека овие луѓе кои и покрај сè што ни се случува и покрај сите овие силни бројки на новозаразени со кои се соочуваме деновиве, сепак има наши граѓани, соседи, роднини кои не веруваат дека „убиецот“ постои дури и кога тој „убиец мавта  со крвавиот нож во рака пред нас“.

Интересно е исто така е случај е дека овие скептици најчесто се служат со експлицитен говор на омраза.

Во други околности, може нивното неверување едноставно да го игнорираме. Во други околности може да не се обидуваме да ги убедуваме и да им укажуваме, но не и сега, не во овој случај. Овие што не веруваат, не почитуваат ни мерки ни препораки, а сепак се движат заедно со сите други. Тие, драги мои  во овој случај не се опасни само за себе, туку и за сите други. Тоа е она што нè загрижува, тоа е она зошто сега посебно се обрнува внимание на нивното нерзрело поведение.

Овие „неверни бомби“ се темпирани „убијци“ што пазарат во исти маркети, кои се возат со нас во исти автобуси, со кои се разминуваме, на кеј, во влез од зграда… Овие се нашето секојдневие со кое сакале или не, живееме заедно.

Овие наши познаници, роднини и соседи толку се несвесни за потенцијалната опасност што ја носат со себе, што не се кријат и овие нивни ставови најчесто ги потпишуваат со име и презиме и ни помалку ни повеќе туку коментираат на официјалниот профил од Министерот за здравство Филипче, сакам да кажам свесно го топорат својот став пред лицето на јавноста.

Навистина, што е потребно за овие луѓе да поверуваат?

Навистина што е потребно, кога еве повеќето ги има и со име и презиме, за барем да се повикаат на советување во некоја здравствена установа и да им се укаже на нивните незрели постапки, кога нели, други мерки би биле веќе загрозување на правото на говор и сопствено мислење?

Навистина не знам точно што, но знам дека нешто мора државата да преземе, ако не сакаме троцифрените бројки на новозаразени да ни се повторуваат со денови и недели, а како резултат на тоа останаме изолирани и замандалени од соседните држави и светот.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk