ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска: Полицијата не е тука за да им се допадне на граѓаните, туку за да го штити законот

Не е фер, потенцира дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска, казнувањето на едни граѓани и неказнувањето на други, кои исто така сториле прекршок.

June 4, 2020 20:12
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Испраќањето на пораката – „нема да казнуваме“, широко ја отвори вратата за оние што не го почитуваат законот. Се почувствуваа заштитени од полицијата која треба да го чува редот во државата, рече вечерва дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

Петровска во вечерашното гостување на „Вин – вин“ потенцира дека таа и министерот Наќе Чулев имаат дијаметрално спротивни ставови кога се работи за однесувањето на МВР во услови на коронавирусот. Според неа, до оваа ситуација – на повторно воведување карантин, нѐ доведе задоцнетата превентивна улога на полицијата и неприменувањето репресивни мерки.

Не е фер, потенцира дополнителната заменик-министерка, казнувањето на едни граѓани и неказнувањето на други, кои исто така сториле прекршок.

-За жал, по подолго време повторно се враќа полцискиот час иако Владата најави омекнување на мерките. Во последниот период се почувствува опаѓање на дисциплината и кај полицијата и кај граѓаните. Можеби тоа беше испровоцирано од некои политички изјави. Министерот е оној што раководи со МВР и тој ја испраќа пораката за тоа како Министерството треба да биде позиционирано. Ако јас излезев со спротивна изјава, ќе требаше да имаме двојство. Ќе беше неодговорно ако поттикнев раздор во полицијата, а сега не е време, ниту место полицијата да служи за партиско поткусурување, нагласи Петровска.

Полицијата не е тука, дополни, за да им се допадне на граѓаните, туку за да го штити законот.

-Апсолутно сум против да се казнуваат оние што го спроведуваат законот, но улогата на полицијата е јасна, превентивна и репресивна. Репресивна кон оние што не ги почитуваат законите, децидна е Петровска.

Во врска со полицајците кои завчера на приватен имот правеле забава, рече дека случајот веќе се процесира. Тоа што се случувало не било во согласност со мерките и препораките, а бил нарушен и угледот на МВР.

-Дел од нив не биле на задача, дел биле. Прекршиле многу правила, меѓу кои и прво, основно етичко правило: да се грижат за угледот на МВР. Се останото е констатирано и запишано, се процесира. Јас сум секогаш на страната на припадниците на МВР и сметам дека тие навистина треба да бидат наградени, што не значи дека поединци треба да го валкаат угледот на Министерството, рече дополнителната заменик-министерка.

Околу ограничувањето на уставно загарантираните права на верниците, Петровска рече дека во овој момент нема ништо поприоритетно од заштитата на јавното здравје.

-Дисбалансот во размислувањата дали треба нешто да ограничиме доведе до неодлучност во постапувањето. Премногу долгото вагање на нештата не доведе до овие последици. Инаку, ваков тип собирања, верски, кои не соодвествуваат на препораките и мерките, се видлив во Скопје и од оваа страна, во Градски парк, Водно, истакна Петровска./МИА/

Next Post

Д-р Балоски: Неодговорното однесување само ќе ја влошува состојбата

Shortcut

Најново

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk